Македонија
Левица: Таравари и Фатмир Меџити добија функции додека ДПМНЕ ги обвинуваше за куќите во Тафталиџе
Новата Влада само ги замени позициите на Министерот и директорите на јавните здравствени установи во државата, па така, наместо очекуваните нови лица во руинираниот здравствен систем, назначени се лица кои имаат огромен политички багаж и низа на скандали позади себе, велат од Левица.
„Арбен Таравари, актуелниот градоначалник на Општина Гостивар, кој според ДКСК е соучесник во изградбата на повеќе дивоградби, всушност, веќе еднаш беше министер за здравство во Владата на СДСМ и Заев пред шест години. Тој ја проблематизираше најавената изградба на Клиничкиот центар во Скопје и ја прекина изградбата на Клиничката болница во Штип! Токму сегашната власт, предводена од Мицкоски, во минатото го прогласи ТАРАВАРИ за НАЈЛОШ министер за здравство. Наместо истрага за катастрофално работење, досегашниот министер за здравство од Владата на СДС, ДУИ и АА – Фатмир МЕЏИТИ, ќе стане директор на Клиниката за неврологија во Владата на ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди. Токму ДПМНЕ ги обвинуваше Таравари и Меџити за политичка КОРУПЦИЈА и дека добиле куќи во Тафталиџе како подарок од ДУИ за влез во Влада“, посочуваат од Левица и додаваат:
„За време на неговиот мандат е обзнанен и скандалот со крадење на цитостатици од Клиниката за онкологија, за што постојат наводи кои потврдуваат негово соучесништво, а за кое обвинување зборуваше тогашната пратеничка на ДПМНЕ, а сега директор на Клиниката за неврологија – Рашела Мизрахи. Меџити беше главен виновник и ја назначи директорката на Клиниката за токсикологија, која не знаеше македонски јазик и одеше на работа со преведувач. Токму ДПМНЕ го обвинуваше Меџити за непотизам, затоа што во својот кабинет ги вработил сестрата и братот на неговата сопруга. Потсетуваме дека Меџити ги остави младите лекари без задолжителна пракса, во периодот кога владата чиј член, предложи предлог-закон кој им дозволува на здравствените работници да се пензионираат на 67 години. Левица го блокираше овој штетен закон сè додека младите лекари не добија задолжителна пракса во јавните здравствени установи за примарна здравствена заштита низ државата.
Уште во првите денови, новата влада на ДПМНЕ покажа дека нема политичка волја за ставање крај на корупцијата во здравството и иницирање одговорност за досегашното катастрофално менаџирање. На македонското здравство му се потребни стратешки кадровски промени кои ќе ги задржат младите лекари во Република Македонија. Тенденциозното уништување преку партизираните кадровските поставки во јавното здравство ја намалува довербата во истото. Здраствените услуги стануваат сè понедостапни за работниот народ, додека паралелно, за сметка на уништување на јавното здравство, се зголемуваат профитите во приватните болници“, завршуваат од Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

