Македонија
Левица: Упадот на бандите на ДУИ во М-НАВ ја покажаа деструктивноста на оваа криминална партија
Последните настани со упадот на бандите на ДУИ во М-НАВ повторно ја покажаа целата деструктивност и безобзирност на оваа криминална партија која и сега како и многупати претходно ја загрози јавната безбедност, велат од Левица.
„Целосната потчинетост на бескичмењаците од СДС под чизмата на сецесионистите од ДУИ и тишината на ДПМНЕ како претходно познат коалиционен партнер и понатаму не одговара на овие грозни понижувања и напади по општото добро.
Во оваа серија на противправни дејствија, пред се издвојува членот 303 од КЗ за загрозување на сообраќајот во воздушниот простор, кој вели дека тој што ќе изврши дело со кое ја загрозува или може да ја загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај и со намера да изврши дело на насилство против лице на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај или ги попречува услугите на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, ќе се казни со затвор од најмалку пет години“, се истакнува во нивната реакција.
„Бандата на ДУИ која ја предводеше Беким Незири во 2010 година од позиција на директор истепал и избркал од работа контролор за летање кој како инструктор во М-НАВ не сакал да му потпише дека поминал обука за контролор. После ваквиот напад, ДПМНЕ го постави Незири за директор на ПИОМ, каде проневери 19 милиони евра, па го унапреди во министер за економија. Сега ДПМНЕ се згрозени од дивјаштвото на терористи кои тие ги амнестираа – а СДС им ја даде комплетната власт“, додаваат од Левица.
Ова, според нив, е уште еден во низата примери за кадрите на т.н. “европски фронт” на СДС и ДУИ кои имаат за цел да продожат да владеат на овој начин.
Дополнително, како што велат, покрај големиот број на полициски службеници во Република Македонија стратешки значајниот објект на контролата на летање се обезбедува преку приватна агенција, која како и целата таа индустрија се заснова на врските со политичките партии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

