Македонија
Ленин Јовановски: Се повлекувам од протестот на превозниците, но блокадите остануваат

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски се повлекува од протестот на превозниците и од сите процеси кои ќе следат понатаму затоа што смета дека премногу се злоупотребува неговото име, а блокадите на превозниците остануваат и понатаму.
За „А1он“ Јовановски рече дека неговото име постојано се спомнувало во политички контекст, а тоа му штетело на целиот процес на изнаоѓање решение за превозниците кои трет ден протестираат поради неисплатени долгови од Град Скопје
– Од овој процес јас решив да се повлечам затоа што премногу се злоупотребува моето име и му се дава политичка нотификација. Институционално останувам директор на „Слобода превоз“, но нема да бидам гласноговорник на превозниците. Ние како „Слобода превоз“ не може да бидеме фактор во превозот затоа што со одлуката на Градот не можеме да се пријавиме на јавен повик за линии една година – рече Јовановски.
Првиот човек на „Слобода превоз“ смета дека превозниците и без него ќе се организираат, а протестот според најавите ќе продолжи и понатаму.
– Ако јас сум проблемот, еве ќе му олеснам на Градот и ќе се повлечам. Нема да учествувам на никаков начин, а превозниците ќе се организираат и без мене. Нема да може да се правдаат дека јас сум крив за проблемите што имаме во превозот.
Орце Костов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.