Македонија
Лефков: ДКСК со одлука – немало ништо незаконски во патувањето на синот на претседателот Мицкоски во САД, СДС фатен во лага
Лагите и бедната и ниска кампања на СДСМ и нивните мегафони конечно го доби заслужениот одговор и доказ дека има причина за тоа што се наоѓаат таму каде што се наоѓаат. Пред фактите и боговите молчат и на лагата и се кратки нозете, се две реченици кои поентираат во еден ваков случај. Но, не можеме да кажеме дека целосно не радува што вистината, иако со задоцнување, сепак излезе на виделина. Впрочем, тоа нема да ги надокнади нервозите и стресовите кои забеганоста на СДС ги произведе врз дете кое е недолжно, само во обид за добивање ситни поени, за теми во недостаток на суштински теми, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Да им кажеме засрамете се и извинете се, знаеме дека нема да го сторат тоа затоа што тоа е тој ментален склоп на тие луѓе во врвот на таа партија. Ние ќе сме најсреќни ако СДС се реформира и ја промени матрицата на измамништво и лажење. Но, народот гледа и се му е јасно и оваа можеби мала, но значајна победа на вистината над нивните лаги, е доказ дека сепак Македонија може подобро од нив и дека чесноста и отчетноста на премиерот се добар пример како треба и мора да се однесува еден политичар. Како што за ова излезе вистината на виделина, така ќе излезе и за многу други работи“, посочува Лефков и додава:
„Допрва доаѓа нивното соочување со вистината и соочување на народот со тоа кои луѓе владееле со оваа земја минатите седум години. 6% рејтинг им се дури и многу како се однесуваат, и нивното вакво однесување кое е продолжение на нивното владеење од седум години, за жал, освен нивен проблем станува сериозен проблем за државата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

