Македонија
Лефков: Пендаровски рече дека договорот за коридорите ќе го преговараат и граѓански здруженија, а на крајот Груби одлучуваше за сè
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/mile20032024.jpg)
Стево Пендаровски излажа и за договорот со Бехтел и Енка, исто како што лажеше за се друго, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Пендаровски кажа дека договорот покрај министрите ќе го преговараат и граѓански организации, за на крај Артан Груби да биде тој кој далеку од очите на јавноста го испреговара и потпиша договорот, а потоа и сокри под клаузула за тајност. Договорот е потпишан, реализација нема. Суштината е дека Пендаровски лажеше и за тоа сека договорот ќе биде ставен на увид на јавноста, што воопшто не се случи. Пендаровски и се закани дека ако во Собранието се изгласаат законските измени за 60 часовна работна недела за работниците на коридорите тој нема да го потпише указот, за на крај не само што го потпиша, туку и дрско упати порака до сите да се жалат на Уставен суд“, вели Лефков.
Според Лефков, начинот на кој се потпиша договорот е проблематичен и за ЕУ, каде што Македонија сака да стане земја членка, но тоа не е проблем за Пендаровски се додека ги исполнува желбите на ДУИ и Артан Груби.
„Со право народот вели немаме држава, време е да ја вратиме“, завршува Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Скопје
„Запуштени паркови и девастирани детски игралишта, градоначалнику Ѓорѓиевски ова е ваша обврска“, велат од партијата Левица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-08-115652.jpg)
По барање на граѓани од населба Усје, советници од Левица – Кисела Вода излегоа на терен и ја согледаа состојбата во која се наоѓаат детското игралиште и паркот во населба Усје, извести партијата Левица.
„Игралиштето за деца и паркот не се одржувани од нивното создавање, па поради тоа, активисти на Левица од Кисела Вода излегоа на терен и макотрпно работеа неколку часа за истото да го искосат и доведат во состојба за користење.
Градоначалнику, Орце Ѓорѓиевски, ова е ваша обврска за која граѓаните издвојуваат средства за да се изградат паркови и игралишта, ваше е само да ги одржувате, впрочем за тоа и ве плаќаат!
Воедно, на истото игралиште постои и чешма за вода која не е функционална, а се потрешни народни пари за да се донесе водовод до ова игралиште“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Општина Аеродром набргу добива канцеларија на Управата за водење на матичните книги
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bvn.jpg)
Отворање канцеларија „Една точка за услуги“ во Аеродром преку која граѓаните ќе можат да вадат и документи од Управата за водење матични книги беше тема на денешната средба меѓу заменик-градоначалникот Дејан Митески и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
„Една точка за услуги“ е од исклучително значење за аеродромци, затоа што од оваа канцеларија на два шалтера граѓаните на едно место ќе добиваат повеќе од 40 услуги и информации од голем број институции.
Освен вадење документи од Управата за водење матични книги, за што има огромен интерес меѓу аеродромци, жителите ќе добиваат и услуги од Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски – Секторот за патен сообраќај и инфраструктура, Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика – Центрите за социјална работа, Централниот регистар, Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за економија.
Заменик-градоначалникот Митески истакна дека целта на овој проект е да им се олесни секојдневното функционирање на граѓаните кои во непосредна близина на нивните домови ќе можат да ги вадат сите потребни документи.
Скопје
Герасимовски и жителите на општина Центар повикуваат на мобилизација за решавање на проблемот со гласната музика од „Интермецо“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/thumbnail_Gerasimovski.jpg)
Општина Центар дава целосна поддршка на петицијата потпишана од жителите што живеат во непосредна близина на клубот „Интермецо“ и другите локали лоцирани на „Народен фронт“. Станарите бараат ефективна интервениција на МВР и Државниот пазарен инспекторат и другите институции за да им се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата на која се наоѓаат угостителските објеки.
„Ние како Општина ги презедовме сите правни механизми што ни се достапни! Не помогнаа ни глобите ни казните. Овој проблем треба да се реши долгорочно, а за тоа се потребни и координација и притисоци од страна на сите надлежни институции“, вели Герасимовски.
Општина Центар петицијата ја проследи до МВР, Министерството за економија и труд, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина и побара да се одржи итна средба за решавање на проблемот на засегнатите станари.
На барање и поплаки на жителите за прекумерна бучава, Општина Центар во повеќе наврати го санкционира спорниот локал со глоби, опомени и забрани за вршење дејност.
Инспекциската служба на Општината и натаму ќе продолжи со санкционирање на сите угостителски објекти, кои не го почитуваат законот, но за долготраен успех потребна е соработка на сите надлежни институции.