Македонија
Лефков: Зад оваа интерпелација стои повеќе од половина Македонија
Зад ова интерпелација стои повеќе од половина Македонија. Повеќе од половина Македонија е потпишана на оваа интерпелација, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната седница, на која се дискутира за интерпелацијата на собранискиот спикер Талат Џафери.
Лефков истакна дека непринципиелното и противуставно однесување на Џафери е резултат на заштита на криминалот на Владата.
„Наместо да разговараме за тоа каде нè донесе оваа Владам, живеењето во државата да биде неподносливо, Талат Џафери лично со своето непринципиелно, противуставно, противзаконско работење се поставува како жив штит и Собранието го фрла како топовско место, како жртва во заштита на Владата, која има само и само криминални побуди“, изјави тој.
Лефков додаде дека покрај пораз на економски и национален план, државата се соочува и со пораз на демократијата внатре во Собранието, како и дека Џафери, наместо да ги штити процедурите и со тоа демократијата, тој ги крши.
„Како претседател на Собранието, Вие треба да ја претставувате законодавната власт, треба да бидете чувар на процедурите. Преку чување на процедурите се зачувува и се задржува демократијата“, вели Лефков.
Лефков ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да престанат да бидат само апарат за гласање и побара од нив да ја поддржат оваа интерпелација сè со цел, конечно, да почнат да работат во интерес на граѓаните.
„Денеска ни се случува тонење и затоа, пред сè, им се обраќам на пратениците од мнозинството – бидете свесни дека повеќе од половина од Македонија е за оваа промена, бараат од вас да ја поддржите оваа интерпелација и, конечно, да почнеме да работиме во интерес на граѓаните. Доста и вие како пратеници се фрлавте како топовско месо пред интересите на министрите, одговорноста нека си ја понесе Владата на невидливиот премиер“, повика Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

