Македонија
Лефков: СДС е причина за корумпираните судии и обвинители, потребни се коренити промени
„СДС е причина за корумпираните судии и обвинители, потребни се коренити промени. СДС го уништи правосудството. 2% доверба на народот во судиите и обвинителите е резултат на притисокот на СДС врз овие институции и односот додека беа на власт. СДС го наполни правосудниот систем со свои послушници“, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Доволно е да се погледне примерот со поранешниот Врховен судија Наќе Георгиев и заменик претседателот на Совет на јавни обвинители Иџет Мемети за да се сфати колку е корумпиран тој систем од СДС. СДС се бори за корумпираните судии и обвинители затоа што тие го спасија Венко Филипче да не одговара за изгорената модуларна болница во Тетово. СДС се бори за корумпираните судии и обвинители, бидејќи тие ги опструираат случаите за криминал на нивни функционери“, посочува Лефков и додава:
„СДС сега го брани тој систем и се става во одбрана на судиите и обвинителите, затоа што истите им се гаранција дека ќе можат да бегаат од правдата. Ова сценарио на СДС нема да успее. Одговорност ќе има“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

