Македонија
Ле Роа го спореди преспанскиот со елисејскиот договор
Договорот од Преспа, како и секој друг меѓународен договор, не е совршен, но отвора можности и перспективи за напредок на земјата, изјави поранешниот специјален пратеник на ЕУ во РМ, амбасадорот Ален Ле Роа, во рамките на панел-дискусијата што се одржа денеска во Министерството за надворешни работи.
Во своето обраќање Ле Роа нагласи дека Македонија се наоѓа пред историски момент и одлука, како и пред историски крстопат и дека официјален Париз цврсто стои зад евро-атлантстките и европските интеграции на нашата земја. Тој направи споредба со елисејскиот договор, што во почетокот на 1963 го потпишаа челниците на Франција и Германија. Рече дека овој договор тогаш наидувал на критики, но од денешна перспектива се покажал како визионерски чекор, што овозможил двете земји, но и цела Европа, да тргнат кон мир, напредок и благосостојба.
„Оттука, на договорот од Преспа треба да се гледа како историски и визионерски чин, што отвора широки хоризонти, со потенцијал да се искористат отворените перспективи и можности за Република Македонија“, нагласи амбасадорот Ле Роа.
Воведно обраќање на панелот имаше државниот секретар во МНР, амбасадорот Виктор Димовски, кој се осврна на изминатиот едногодишен период оценувајќи го како интензивен и значаен. Притоа нагласи дека активностите на новата реформска Влада се одвиваат на два паралелни колосека: спроведување длабоки и одржливи внатрешни реформи во владеењето на правото и градење независни институции, како и обновување на македонската позиција во меѓународните односи, примарно преку унапредување на добрососедските односи.
„Фокусот денес е на референдумот, кој се смета за историска раскрсница за Македонија и историска шанса граѓаните да учествуваат во дизајнирањето на својата иднина“, истакна државниот секретар Димовски.
„Реформи, референдум и евро-атлантски интеграции на Република Македонија“, беше темата на денешната панел-дискусија, на која учествува и францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, како и претставници од државните институции, медиумите, невладините организации и академската јавност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните
Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО со почнати преговори за Европската унија. Констатирани се одредени неправилности, но сметаме дека се тие со незначителни во овој изборен процес, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Правото на глас и слободното одлучување се најзначајни придобивки во демократијата
Таа упати благодарност до граѓаните кои денеска гласаа, а изборите ги оцени како слободни, мирни, демократски и достоинствени.
Кузеска кажа дека граѓанската волја ќе одлучи по кој колосек ќе се движи Македонија понатаму.
Прашана како го коментира скриениот бојкот во општините каде што има доминантно албанско население Кузеска кажа дека како настапила секоја партија на овие избори треба да одговори пред граѓаните и пред себе.
„СДСМ од самиот почеток повикуваа на масовност, граѓаните да го искористат својот глас. СДСМ никогаш не бил кочничар на било кои процеси кои ја носат државата напред“, рече Кузеска.
Македонија
(Во живо) Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржува прес-конференција во седиштето на партијата.
Македонија
Меџити гласаше и упати порака до граѓаните: Не заборавајте дека секој глас е важен
Претседателот на Демократското движење и носител на листата на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити го оствари правото на глас.
„Почитувани граѓани, денес е важен ден за нашата демократија. Ве молам учествувајте на изборите и изразете го својот глас за иднината на нашата земја. Ова е должност кон себе и кон другите. На овој прекрасен и демократски ден, не заборавајте дека секој глас е важен“, рече Меџити.