Македонија
Либерална партија: Нов закон кој ќе дозволува мораториум за градба во скопските општини
Либералната партија бара ново законско решение кое ќе дозволува мораториум за градба во општините на градот Скопје, поради, како што велат, пренаселеност, сообраќаен колапс, кој влијае на здравјето и квалитетот на животот на граѓаните. Ова следи по најавата на Министерството за транспорт и врски дека се подготвува нов Закон за градење.
„Да се донесат измени со кои градот Скопје единствено ќе може да се шири во новопроектирани општини, нови населби, нови станбени објекти на запад, север и исток.
Апелираме градоначалниците на општините да не бараат алиби во пристапот дека од продажба на земјиште и комуналии се полнел буџетот; од што ќе се полнат буџетите кога ќе се бетонираат последните зелени површини?
Водењето општина подразбира грижа за потребите на граѓаните, и унапредување на квалитетот на животот, а не одлуки во интерес на градежната мафија.
Исто така, бараме законот да ја регулира областа на градежништвото по примерот на Република Србија, која прва во регионот почна на системски начин да го решава проблемот на пласирање „валкани пари“ во овој сектор, како еден од потенцијално ризичните за перење пари, порачаа од Либералната партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

