Македонија
Лидерите на верските заедници на заеднички состанок предупредија за опасноста од коронавирусот
Средба на лидерите на петте верски заедници споменати во Уставот се одржа денеска во Клубот на пратеници.
На покана на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, на средбата присуствуваа поглаварот на МПЦ-ОА, Aрхиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, в.д. Реисул Улема на ИВЗ Шаќир еф. Фетаху, бискупот на Католичката црква монсињор Киро Стојанов, суперинтендентот на ЕМЦ, Марјан Димов, а поради оправдани причини отсуствуваше претседателот на Еврејската заедница, Берта Романо Николиќ.
Од Комисијата информираат дека на средбата посебно се истакнала значајноста од постојаното негување на култура на толеранција, висока духовност, почит и етичност во односите меѓу конфесиите и во односите со јавноста.
Имајќи ја во предвид сериозноста на заканата од пандемијата предизвикана од коронавирусот, која сè повеќе се наметнува како глобален долгорочен проблем, верските лидери споделиле размислувања за предизвиците кои сите нè очекуваат во иднина, но и за сето она што во изминатиот период можело да се стори поинаку или, пак повеќе, како конкретен придонес во справувањето со оваа сеопшта неволја.
„Верските лидери упатија едногласен апел до сите граѓани за одговорен однос кон себеси и ближниот, а опасноста од вирусот да ја сфатат како реална и сериозна закана по животот и здравјето. Неуморниот труд на лекарите и на медицинскиот персонал при справувањето со оваа состојба е достоен за почит и пофалба, а најсоодветниот израз на благодарност за нивниот подвиг треба да се покаже на дело, со почитување на изречените мерки од надлежните институции“, се наведува во соопштението од средбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Сајкоски: Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ
„Денес продолжуваме со активностите тука во Охрид, вчера поминавме прекрасни митинзи со огромна поддршка од граѓаните. Останаа уште неколку денови“, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5 и ги повика сите да се приклучат и да донесат уште поголема победа во вториот круг.
„Сакам да ја изразам мојата благодарност и горд сум на тоа што го направивме во првиот круг, што ја дадовте вашата огромна поддршка за нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова.
Сакам да ве повикам и во вториот круг референдумски да излеземе за да можеме да ја реализираме Платформа 1198, за да може да реализираме многу проекти за регионов и нашава држава, да донесеме подобар економски развој и раст, да донесеме подобро образование и здравство, да донесеме подобар живот за сите. Затоа на 8 мај излезете сите да се активираме да кажеме НЕ за ова што се случуваше досега и да дадеме шанса за просперитетна влада која ќе ја носи Македонија напред“, изјави Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.
Македонија
Херојот кој беше убиен во Вејце – Бобан Трајковски, доби споменик
Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.
Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце.
Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан).
Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.
Скопје
Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект
Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.
„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.