Македонија
Лидерска средба ако има согласност од двете страни, порача шефот на државата
Лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе има ако има согласност од сите лидери. Ова го посочи шефот на државата пред новинарите прашан дали ќе ги викне претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на разговори за уставните промени.
„Во принцип, лидерските средби секогаш сум ги организирал ако има согласност од двете претпоставени страни, трите претпоставени страни. До овој момент за хрватскиот предлог нема согласност од другите претпоставени страни“, вели Пендаровски.
Претходно, премиерот Димитар Ковачевски го одби предлогот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој понуди да се сретнат на лидерска средба или ТВ-дуел. Според Ковачевски, лидерска средба не треба да има оти ставовите се познати. За ТВ-дебата – изречно одби. Додаде дека дебата за уставни измени не се води во медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

