Македонија
Лилиана Танги: Европското подобро утре, им припаѓа на сите граѓани започнувајќи од Стразбур до Скопје
Европската Унија е изградена и се гради на помирување, на мир, на соработка, на взаемна доверба меѓу земјите-членки преку своите вредности, своите права и заедничките аспирации, рече Лилиана Танги, пратеничка, заменик претседателка на Комисијата за европски прашања во Националното Собрание на Франција за време на Регионалната либерална конференција на панелот „Иднината на ЕУ: Во кој правец се движи Европа во 2021?”, цитирајќи го францускиот пратеник за Источна Европа, Фредерик Пети: „Западен Балкан е иднината на Европската Унија“. А на сите нас, европските граѓани, е да ја градиме оваа иднина заедно.
„ Седум децении, унијата на европските држави се продлабочува и се проширува со држави кои на доброволна основа ги споделуваат и ги бранат темелните вредности на ЕУ и кои целосно го имаат интегрирано нејзиното законодавство. Државите од Југоисточна Европа напредуваат на овој пат повеќе од 20 години. Денес постои едногласност дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија. Оваа заедничка иднина останува еден од приоритетите на нашите надворешни политики. Тоа беше потврдено во многу наврати од европските држави, во Софија во 2018 година, во Загреб во 2020 година и во Брдо при Крањ минатиот месец, додава таа.
Според Танги градењето на оваа заедничка иднина не треба да чека, ниту да биде ограничено со проширувањето.
„ Мораме да ги развиваме и продлабочуваме нашите односи преку економски, општествени, политички и културни соработки. Тие мора да ги вклучат сите јавни и приватни актери, како и претставниците на граѓанското општество. Тоа е идеален начин за воспоставување долгорочни и конструктивни односи засновани на доверба, додава Танги.
Според неа за да се постигне ова, вклученоста на младите е од клучно значење бидејќи тие ќе бидат одговорни за обезбедување на континуитет на овие односи.
„ Затоа, треба да ја обликуваме иднината на Европа со тоа што ќе ги слушаме, ќе ги вклучиме и ќе им веруваме. Во мај минатата година ЕУ започна голем процес на консултација со граѓаните за изградба на иднината на Европа. Како дел од овој процес, комисиите за европски прашања на француското национално собрание и австрискиот национален совет одлучија да разговараат со младите луѓе, особено од Западен Балкан. И сигурно не е изненадување дека младите покажаа и инспирација и смелост. Меѓу нивните предлози, постои јасна желба за дополнително образование, обука и информирање и желба да се изградат академски и професионални мостови низ Европа за да се врати перцепцијата на нашиот стар континент во очите на младите кои понекогаш губат надеж, додаде Танги.
Таа заклучува дека европското подобро утре, им припаѓа на сите европски граѓани започнувајќи од Стразбур, Брисел, Луксембург и Франкфурт, но и од Лисабон, Рига и Скопје.
Танги потсети дека во својот говор за Европа во 2017 година, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека „единствениот начин да се обезбеди нашата иднина“ е преку „обнова на суверена, обединета и демократска Европа“. Дека Европа ќе се справи со големите современи предизвици како што се климатските промени, одбраната и безбедноста, големите миграции, дигиталната транзиција, економското закрепнување, како и со пандемијата со која се соочуваме речиси две години.
Танги е во земјава од денеска до 10 декември, при што предвидени се разговори на високо ниво со Министерот за Надворешни работи, Бујар Османи, со Министерката за Труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, како и со Александар Николоски, претседател на парламентарната група за пријателство Франција-Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сали-Варнс: нагласена посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.
На средбата беше истакната важноста на стратешкото партнерство меѓу земјата и Соединетите Американски Држави, како и континуираната американска поддршка за демократските и развојните процеси.
Соговорниците разговараа за клучната улога на регионалната стабилност како предуслов за мир и одржлив развој.
Сали ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем, оценувајќи ги овие чекори како суштински за зајакнување на владеењето на правото, зголемување на транспарентноста и подобрување на услугите за граѓаните.
Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка.
Македонија
Нова градска плажа, се реконструираат спортските терени, кејот на Вардар добива нов лик, најави Ѓорѓиевски
Кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа, отворена за сите генерации, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Тој информира дека со засилено темпо течат работните активности за уредување на кејот на реката Вардар, простор каде секојдневно се рекреираат илјадници граѓани и кој претставува едно од најважните урбани јадра на Скопје.
„Кејот е меѓу моите клучни приоритети и уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење, со што конечно Вардар повторно тече по своето природно и нормално корито.
Денес, кејот го уредуваме со јасна визија за функционален и жив јавен простор.
Се реконструираат спортските терени за фудбал, одбојка на песок и баскет, се поставува нова урбана опрема и се создаваат модерни фитнес-зони на отворено. Во рамки на овој проект опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и ќе се вратат во служба на заедницата.
На ова место градиме и современа градска плажа – безбедно, уредено и достапно катче за одмор, рекреација и дружење, кое ќе внесе нова енергија и живот покрај реката и ќе го доближи Скопје до европските урбани стандарди.
Инвестирањето во спортот е инвестирање во здрави навики, здрави млади и силно општество.
Искрена благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски, за поддршката и партнерскиот пристап, кои овозможуваат ваквите проекти да се реализираат брзо, квалитетно и во интерес на граѓаните.
Ова, почитувани, е само почеток.
Нашата визија е да создадеме современи, уредени и достапни спортски терени во сите општини на Град Скопје“, напиша Ѓорѓиевски.
Најавува како што вели, рамномерен развој, еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее.

