Македонија
Лога од БиХ: Членството во ЕУ е единствениот пат за напредок и иднината на двете држави
Министерот за правда, Кренар Лога, оствари средба со својот колега, министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза, со кого разговараше за заедничките предизвици во областа на правдата и европската иднина на нашите две земји.
На средбата се разговараше за реформите во правосудството, владеењето на правото, зголемувањето на транспарентноста и враќањето на довербата во судството, при што беше констатирано дека двете земји се соочуваат со слични проблеми.
Особено внимание беше посветено на дигитализацијата на судството.
„Министерот Буноза нè информира за системот CMS, со кој судовите многу успешно работат. Тоа докажува дека кај нив дигитализацијата на судството е поразвиена отколку во Република Северна Македонија“, е истакнато во соопштението од Министерството за правда.
Двајцата министри се согласија дека единствен пат за напредок и остварување на целите за иднината на државата и граѓаните е членството во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

