Македонија
Лотото ќе се емитува на Канал 5 за 2,5 милиони денари

Државната лотарија на Македонија на 11 декември 2018 година склучила договор со телевизијата Канал 5, која дала најповолна понуда за продукција и емитување на извлекување на игрите на среќа лото. Телевизијата понудила најниска цена на е-аукцијата.
Според договорот кој е објавен на Бирото за јавни набавки, станува збор за извлекување од 60 кола, во периодот од 15 декември 2018 година до 10 јули 2019 година.
Вкупната вредност на договорот ќе биде утврдена врз основа на извршените услуги, но нема да биде повеќе од 2,5 милиони денари со вклучен ДДВ. Единечната цена за услугата за продукција е 43 266 денари со сите вклучени трошоци и јавни давачки.
Претходно Државата лотарија на Македонија вакви договори склучи со телевизијата Сител. За идентичен број кола, во 2018 година биле предвидени 6,8 милиони денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кривични пријави против двајца угостители од Берово и Пехчево за бесправно градење

Полицијата поднесе кривични пријави против правно лице – угостителски објект од Пехчево и против С.П.(43) од Пехчево и против правно лице – угостителски објект од Берово и В.К.(32) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“.
Пријавениот С.П., сопственик и управител на правното лице од Пехчево, на катастарска парцела во Пехчево во државна соспственост, без одобрение за градење издадено од надлежен орган, изградил тврд објект во кој што е сместен угостителскиот објект и вршел угостителска дејност.
Пријавениот В.К., сопственик и управител на правното лице од Берово, на катастарска парцела, сопственост на Т.К. и М.К., на земјоделско земјиште, надвор од урбанистички план за град Берово, бесправно изградил тврд објект во кој што е сместен угостителскиот објект во кој вршел угостителска дејност.
Македонија
Проектите што се реализираат не се на ВМРО-ДПМНЕ или на СДС, туку на македонските граѓани, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДС мора да почне да се однесува како сериозна партија, а не како мало дете на кое му ја земале играчката, велат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата од СДСМ дека проектот за изградба на патот Охрид – Св. Наум е нивен.
„СДС мора да прифати дека проектите кои се реализираат, не се во нивна или наша сопственост, туку за граѓаните и за државата.
Исто така, многу е важно да се напомене дека проектите кои се почнуваат мораат и да се завршат. Е сега, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е во тоа што ние кога работиме и остваруваме, се е во временски рок, јавно и транспарентно, а додека пак СДС, ако отпочне некаков проект, тој проект потоа е корумпиран, со тендери договорени во 4 очи, поскапи цени двојно од набавните, класифицирани договори или пак, проекти кои остануваат така да блеат во празно, и никој за ништо да не одговара.
Проекти кои СДС ги има до крај завршено се, проектот за златната виза на Филипче, пари од ископ на јаглен на фирми на Филипче и Заев, проектите за уништување на Македонија, како што беа името, знамето, идентитетот и Уставот, потпишувањето на Преспанскиот и договорот со Бугарија, проектот Француски предлог и многу други проекти слични на овие.
За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ вистински работи на реализација на проектите, без разлика која Влада ги започнала и ги решава на брз и ефективен начин во интерес на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: Мицкоски повторно промовира наш проект, овој пат обновата на патот Охрид – Св. Наум

Проектот за реконструкција на патниот правец во охридскиот регион е започнат од СДСМ уште во август 2023 година, како дел од сеопфатниот план на Владата предводеа од СДСМ за раст и развој на регионот, унапредување на туризмот и подобрување на патната инфраструктура кон граничните премини со соседните земји, велат од СДСМ.
„Средствата за овој проект, во вредност од 11,7 милиони евра, беа обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта и истиот беше планиран, одобрен и започнат од претходната влада на СДСМ со реализација од околу 50%. До летната сезона во 2024 година комплетно се заврши реконструкцијата на патот од Св. Наум до пред селото Пештани и заради туристичката сезона имаше мал прекин на работите. Претходно, во 2019 година беше започната и завршена реконструкција на патот од бензиската Билјанини извори до с. Коњско“, велат од СДСМ.
Дополнително, додаваат од таму, и цела Туристичка како главна магистрална трансверзала во градот во должина од 5,6 км по 60 години беше реконструирана исто така од страна на СДСМ.
„Токму во време на СДСМ беа рехабилитирани и обновени и патните правци кон граничните премини Блаце, Деве Баир, Ќафасан и Меџитлија. Ја поздравуваме довршувањето на проектот, но до кога власта ќе се кити со проекти на СДСМ. Кога ќе промовира Мицкоски некој проект од неговата Влада? Или тоа не може да се случи затоа што таков проект нема“, велат од СДСМ.