Македонија
Лојалната програма на myWorld слави 10 години постоење во Македонија
Во чест на јубилејот, myWorld за своите лојални корисници, месец март роденденски го одбележува со безброј одлични понуди за пазарување кои можат да се пронајдат на myWorld.com.
Групацијата myWorld, брои повеќе од 15 милиони корисници и повеќе од 150 илјади партнери и со тоа претставува најголема бенефит програма во светот. Компанијата со седиште во Лондон, во моментов е застапена во 54 земји, а неодамна беа лансирани и двe наши соседни држави – Албанија и Косово. Пред речиси две години, компанијата на светско ниво ја старташе онлајн шопинг платформата marketplace.myWorld.com во 12 земји, а во 2019 година исто и платформата за патување travelWorld.com, која е достапна во сите земји.
Во Македонија, групацијата брои повеќе од 250,000 членови и преку 1,400 трговски партнери, корисници на лојалната програма. Бројот на членови секојдневно расте, а мрежата на партнери е стабилна веќе 10 години. Компанијата на своите членови, како дел од myWorld бенефит програмата им нуди Cashback (пари назад при секое купување) и Shopping Points (шопинг поени за дополнителни попусти во Benefit Lounge платформата за зделки).
Во 2011 година компанијата беше пионер на пазарот со својот Cashback и иновативни онлајн и мобилни производи, како и во работењето со ваучерите за попуст. Во 2019 година, компанијата го донесе на пазарот т.н. електронски ваучер или eVoucher-от кој функционира кај големите ланци како што се: Веро, Тинекс, Систина, Спорт М, Sport Vision, и многу други. Исто така, со секое купување од страна на корисниците, направено кај трговските партнери, се поддржуваат автоматски и проектите на фондацијата Child and Family Foundation и Greenfinity Foundation. Во Македонија во изминатите години овие две фондации направија повеќе проекти за општествена одговорност како и проекти за подигнување на колективната свест. Ова е само еден од начините како компанијата ја возвраќа лојалноста.
Во чест на одличната соработка во изминатата декада, главниот извршен директор на myWorld Македонија и регионален директор за јужен Балкан (Македонија, Бугарија, Косово и Албанија), Радован Витошевиќ изјави:
„Среќни сме и горди за постигнатите резултати од изминатите 10 години. Успеавме да изградиме компанија која е лидер на пазарот во доменот на лојални програми, шопинг бенефиции и онлајн купување. Нашата лојална платформа и мобилна апликација се добитници на многу награди во минатото и тоа е она што ја потврдува нашата иновативност како компанија. Сакам да изразам огромна благодарност за сите што не поддржаа во овој огромен проект,до сите партнери кои останаа лојални, како и сите членови кои секојдневно пазаруваат со нас.“
Станете дел од најголемата куповна заедница во светот и користете ги бенефитите на myWorld. Регистрирајте се бесплатно на следниот линк, користете ги вашите поени паметно и креирајте успешни зделки! Заедно сме силни!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 литри на метар квадратен). Претежно во источните региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 километри на час). Попладне на планините во северните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови врнежите да бидат проследени со појава на ретки грмежи. Претпладне ќе дува умерен до повремено засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Според УХМР, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Во вторник и среда ќе дува засилен северен ветер (над 60 километри на час).
Македонија
Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност
Премиерот Христијан Мицкоски во Минхен оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со кого, како што објави, разговарале за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè, за праведен мир.

– Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда, почитување на достоинството на народите. Само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук.

Мицкоски и Зеленски разговарале и за продлабочување на соработката, економска размена и поддршка во процесите за напредок на државите.

– Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба. Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, партнер на стабилноста и поддржувач на праведниот мир, порачува Мицкоски.

На вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција Мицкоски оствари средби со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за специјални мисии, со холандскиот премиер Дик Схоф, со Џаред Коен, претседател за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет.
Македонија
Пациенти со хемофилија со месеци без „фактор 8“, се бара одговор од МЗ
Од Левица велат дека пациентите со хемофилија повеќе од шест месеци се без неопходниот лек „фактор 8“ поради нераспишан тендер, што, според нив, ги доведува во сериозна здравствена состојба.
Пратеничката Јована Мојсоска преку социјалните мрежи се обрати до министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Институтот за трансфузиона медицина Амир Елези, потсетувајќи дека на седница за пратенички прашања било најавено дека лекот ќе биде обезбеден.
Според неа, пациентите со хемофилија живеат во тешки услови додека го чекаат лекот, а добила и повик од лице кое подолг период е врзано за кревет поради недостиг од терапија.
Мојсоска прашува кој ќе сноси одговорност доколку настанат сериозни последици по здравјето на пациентите поради пролонгирањето на постапката.

