Македонија
Мадиќ од Загреб: Европа е нашата иднина, нема да се откажеме од европскиот пат
Заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ, учествува на дводневната меѓународна конференција „Иднината на проширувањето на ЕУ: Правосудството и темелните права“, која се одржува во Загреб.
Во присуство на голем број министри за правда на земјите канидадати и потенцијални кандидати од Западен Балкан, Мадиќ во своето обраќање се осврна на приоритетите на нашата држава и проширувањето на ЕУ, кој е еден од најважните процеси клучни за нашата иднина.
„Мора да бидеме обединети сега повеќе од кога било, особено во заштитата на нашата безбедност и почитувањето на владеењето на правото. Да се фокусираме на спроведување на клучните реформи и да докажеме дека кај земјите од Западен Балкан е присутна волјата да ги прифати европските амбиции и дух. За да одат напред земјите од Западен Балкан, потребно е ЕУ да стои цврство на својот став во врска со политиката на проширување, а со тоа и да одговори на нашите предизвици, односно да биде подинамична со јасен стратегиски концепт, а од друга страна, да продолжи процесот на обезбедување огромна поддршка на земјите од Западен Балкан“, рече заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ.
Мадиќ ја поздрави иницијативата на Европската Унија за вклучување на Република Северна Македонија во извештајот за владеење на правото како инструмент за рана детекција или превенција на предизвиците со владеењето на правото.
Овој чекор на Европската Унија претставува воспоставување еднаква основа со земјите членки во поглед на следењето на тековните реформи и ќе биде од особено значење за нас во процесот на забрзана интеграција.
„Република Северна Македонија изминатиот период успеа да се избори за значително подобрување на односите со соседите, враќање на довербата во правосудниот систем и постигнување поголем економски и културен развој. Во скрининг-извештајот за првиот кластер, Фундаментални вредности, дадена е оценка на степенот на подготвеност и усогласеност на националното законодавство. Интензивно сме посветени со сите наши капацитети за подготовка на патоказот за владеење на правото, кој ќе ги исцрта насоките на реформите и мерките до нашата крајна цел – завршување на преговорите до 2030 година“, порача Мадиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

