Македонија
Македонија во 20 најзагадени земји на светот
Македонија е на 17 место најзагадени земји, според извештајот на светската органзиација Еко – експертс,во однос на загаденоста на воздухот во светски рамки.
Мапата на британските еколози е изработена врз основа на неколку фактори, вклучувајќи го бројот на смртни случаеви од аерозагадувањето и емисијата на јаглеород диоксид.
Истражувањето опфатило 135 држави, а според британските еколози, најзагаден е воздухот во Саудиска Арабија, а следуваат Кувајт и Катар. Кога станува збор за нашата земја, Македонија се наоѓа на алармантното 17-то место.
Тоа го потврдуваат и денешните мерења на индесот на загаденост од Министерството за животна средина кои покажаа многу високо загадување, на некои места и седум пати над дозволеното. Пулмолозите велат дека оваа ситуација го загрозува здравјето и може да предизвика сериозни заболувања.
Според Институтот за јавно здравје, во Македонија годишно од загаден воздух умираат 1.300 лица. Инаку, додека индексот на загадување овој период расте, опаѓа активноста на грипот. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје изминатата недела за двојно се намалил бројот на заболени од грип.
За една недела биле регистирани 1.199 новозаболени од грип, за споредба во средината на декември кога за една недела беа регистирани околу 4.200 заблени. Вкупниот број на заболени лица од грип оваа сезона достигна 32.931 заболен./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

