Македонија
Поканата за Македонија ставена на дневен ред на самитот на НАТО во јули
Поканата за членство на Македонија е ставена на дневен ред на самитот на НАТО што ќе се одржи во јули, потврди премиерот Зоран Заев.
„Точката за нашата покана во НАТО е прифатена и во најава е поканата за членство“, рече Заев на седницата на која пратениците треба да гласаат за ратификација на договорот со Грција.
Претходно, денеска, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за „Франс 24“ изјави дека се надева оти ќе може да биде испратена покана за членство на Македонија на самитот што на 11 и 12 јули ќе се одржи во Брисел откако Македонија и Грција постигнаа договор за спроот за името.
„Се надевам дека ќе има напредок со поранешната југословенска Република Македонија бидејќи постигнаа договор со Грција за проблемот за името. Ако тој договор биде финализиран и целосно применет, новото име ќе биде Република Северна Македонија и тогаш можеме да тргнеме кон членство на ПЈРМ во НАТО“, рече Столтенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

