Македонија
Македонија станува дел од семејството, во куќа во која припаѓаме, порача Заев во Брисел

Македонија станува дел од семејството, во куќа во која припаѓаме, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев, на првиот ден на Самитот на НАТО, за време на панелот „НАТО ангажмани: Дијалози на Самитот во Брисел“.
Одговарајќи на прашања, Заев нагласи дека Македонија во изминатите години постојано работеше на подигање на стандардите и на имплементација на вредностите што ги негува алијансата.
„Република Македонија ќе продолжи активно да учествува во мисиите на северно-атлантскиот сојуз. Заедно со алијансата, нашата земја активно придонесува во мисиите за сузбивање на глобалните закани, терористичките закани, како и заканите што доаѓаат од насилен екстремизам.Припадниците на АРМ добиваа доверба да бидат дел или да бидат главни актери во сериозни безбедносни предизвици. Со учеството во тие мисии растеа и капацитетите на припадниците на АРМ, како и на цивилните структури на нашата администрација“, рече Заев.
Тој одговараше и на прашањата поврзани со безбедносните политики и регионалната соработка, како и за соработката со соседите.
Учеството на панелот се совпадна со соопштението кое во истиот момент беше објавено, дека земјите членки на НАТО донесоа одлука да ја поканат Македонија да ги почне завршните преговори за полноправно членство во алијансата и делегацијата на Македонија беше пречекана со аплауз од гостите и учесниците на панелот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.