Македонија
Малчевски по контроверзните прашања од програмата за образование: Системот е окупиран од самопрогласени експерти, треба одговорност од желните за хонорари
Можеби прирачникот е пред 10 години но „експертите“ се исти и денес, пишува на социјалните мрежи професорот Самоил Малчевски.
Коментирајќи го прирачникот од програмата за образование, кој предизвика бурни реакции во јавноста, професорот ќе напише:
„Бешка и Чешларов се ‘експертите’ што стојат зад експериментот врз нашите деца наречен концепција за основно образование на Мила Царовска!
И, да, кога ќе кажам лидерот во неуспешни образовни ‘реформи’, да, тоа, е Бешка, ‘експертот’ што стои зад сите експерименти во македонскиот образовен систем почнувајќи од првиот ‘Чекор по чекор’ на почетокот на деведесеттите години“.
Оценува дека системот е гнил токму зашто е окупиран од самопрогласени „експерти“ желни за хонорари.
На системот, додава Малчевски, му треба вистински рестарт, а не козметички промени.
„И, да, треба одговорност и забрана за вршење дејност на е’кспертиве’ желни за хонорари“, пишува Малчевски на социјалните мрежи по контроверзните прашања од програмата „Образование за животни вештини“ за средно образование, кои се споделуваа на социјалните мрежи и предизвикаа бурни реакции во јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





