Македонија
(Видео) Манасиевски: Македонија процентуално е меѓу првите со издвоени најмногу пари од БДП за правосудството во регионот и Европа, а правдата никаде ја нема
Иако Македонија е мала држава и по територија и по население, издвојува значителни средства за правосудниот систем. Дури 0,39% од БДП се дава за правосудството. Тоа е повеќе од Франција со 0,20%, Германија издвојува 0,30%, Грција 0,26%, соседна Албанија 0,29%, Молдавија 0,35% и Грузија 0,23%. Во превод, државата вложува најмногу, а добива најмалку, истакна Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо независно и ефикасно судство, граѓаните гледаат бавни постапки, нерешени предмети, одложувања без основ, политички влијанија и недоверба. Судниците се претвораат во места каде што правдата се чека, но речиси никогаш не се добива.
Судството треба да биде стожер на правдата, а не алатка во рацете на поединци и политички групи. Граѓаните плаќаат, а за возврат добиваат нефункционален систем кој не ја штити вистината, туку ја одложува. А понекогаш, таа воопшто не ни стигнува“.
И токму затоа, додава тој, иако Македонија процентуално издвојува најмногу средства од БДП за правосудството во регионот и Европа, судиите кои земаат и до три просечни плати, а некои и повеќе, сепак бараат уште. А резултати нема. Нема ниту правда, ниту квалитет, ниту реформи. Плаќаме најмногу, а добиваме најмалку.
Клучното прашање, како што вели. е дали овие луѓе заслужуваат повисоки плати. „Реформи мора да има“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.

