Контакт

Македонија

Манолева за Леонид Индов: Родителите немаат побарано мислење дали е можно лекувањето или рехабилитацијата да се заврши кај нас

Објавено пред

Иако семејството на 18-годишниот Леонид Индов покажа конзилијарно мислење во кое стои дека во земјата се исцрпени сите можности за негово лекување, денес заменик-министерката за здравство, Маја Манолева, вели дека родителите воопшто не побарале никакво мислење од соодветна институција за можноста лекувањето или рехабилитацијата да се завршат кај нас. Фондот за здравствено осигурување даде негативно мислење за лекувањето во странство на Индов со образложение дека одел на рехабилитација, не на лекување, а Фондот нема начин да покрие такви трошоци. Индов со хеликоптер и медицински тим од Скопје на 6 февруари беше испратен на лекување во Австрија, кое чини 300.000 евра.

dobivaj vesti na viber

„За детето за кое и вчера и денес се дискутира, родителите воопшто немаат побарано никакво мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето, односно за рехабилитација на тоа дете во нашите установи. Сметам дека треба првин да се изоди тој пат и дури потоа да кажеме, да ја прегледаме целата медицинска документација, да го видиме клинички пациентот и дури потоа стручниот колегиум на соодветните клиники да даде свое мислење и да каже дали има или нема можност за продолжување на лекувањето или на рехабилитацијата во нашите институции“, рече заменик-министерката Манолева.

Индов замина во Австрија откога со донации родителите собраа половина од потребната сума оти очекуваа дека другата половина ќе ја покрие Фондот за здравствено осигурување. Донациите беа јавни, а јавно беше организиран и транспортот во Австрија. На прашањето зошто немо го гледале сето тоа, заменик-министерката Манолева одгвори дека имала контакт со семејството.

„Јас уште не можам да се сетам кој период беше точно, сигурно има неколку месеци, имав средба со родителите, на која им образложив каков треба да биде патот на детето, не како замени- министер, туку како специјалист од областа. Не е точно дека не сме се заинтересирале и дека не сме овозможиле ништо досега. Одлуката беше нивна, не можете да влијаете на ничија одлука да го бара она што смета дека е најдобро за некого. Јас апсолутно ги поддржувам и сѐ уште им стојам на располагање на родителите за секаква помош што би можела да ја укажам и лично како лекар и како заменик-министер, но и како специјалист по физикална медицина и рехабилитација“, вели Манолева.

Министерството за здравство ќе анализира дали се потребни измени на правилникот на Фондот за здравствено осигурување или, пак, законски измени за да се обезбедат потребните средства за Индов, но и за други пациенти кои би биле во слична состојба.

Минатата година на патување во Грција 18-годишното момче си ги повреди третиот, четвртиот и петтиот прешлен, му беа направени неколку операции, но сѐ уште дише на апарати, не може да ги движи рацете и нозете и неопходна му е респираторна терапија, говорна терапија и стимулација на дијафрагмата за враќање на респираторната функција за да му се подобри состојбата. Лекарите што дале конзилијарно мислење укажале дека се исцрпени сите можности за лекување кај нас.

Денес, целосно објаснување за негативното мислење за 18-годишното момче најави дека ќе даде и Фондот за здравствено осигурување.

Македонија

Топло со умерена облачност, температурата до 25 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

dobivaj vesti na viber

Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степен.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има сѐ до средината на следната недела.

Прикажи повеќе...

Скопје

108 санкционирани возачи во Скопје

Објавено пред

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас…“, извести МВР.

Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Ивикал „Робо дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер, Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, а се’ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се...

Свет1 час

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...

Европа2 часа

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер...

Свет2 часа

(Видео) Огромно невреме во Хјустон, четворица мртви, градот во мрак: „Не излегувајте“

Силна бура со урагански ветрови го зафати Хјустон вчера, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000...

Свет3 часа

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Министрите за надворешни работи на 13 земји преку писмо го предупредија Израел против сеопфатна воена офанзива врз градот Рафа во...

Свет3 часа

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Ким Јо Јонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, повторно негира дека разменилe оружје со Русија, објави државната новинска...

Европа3 часа

(Видео) Украинците ги нападнаа Крим и два руски града, одекнуваат експлозии, избувнуваат пожари

Пристанишниот град Севастопол на окупираниот Крим е нападнат трета ноќ по ред. Десетици беспилотни летала го нападнаа Севастопол и блискиот...

Македонија13 часа

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК)...

Македонија17 часа

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: „Тоа прашање требаше да го поставите лани“

Министерот за здравство, Илир Демири не кажа дали осумнаесетте договорци од Токсикологија се стручни, туку рече дека бил загрижен за 18-те...

Македонија18 часа

Разговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за составот на новата Влада ќе продолжат и во наредниот период

Денес се одржа работна средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во просториите на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Од...

Македонија18 часа

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија19 часа

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Според објавената анкета на Центарот за aнкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт, Максим Димитриевски е политичарот за кој 48 отсто...

Економија19 часа

Германските компании ги испорачаа своите желби до новата влада: „Бизнис-климата е добра, но недостигот на стручни кадри е најголем ризик за инвестирање

Бизнис-климата во земјата е добра или многу добра, но има тренд на благо намалување на планираните инвестиции, а една од...

Македонија20 часа

Митровски објави дека адвокат му починал пред очите: „Помодре и не даваше значи за живот, колега почина на работното место“

Адвокатот Јанаки Митровски преку својот фејсбук-профил сподели информација за тоа дека во Граѓанскиот суд, односно на судење, починал негов колега...

Регион22 часа

„Секој треба да си го сработи својот дел“: порака од самитот на лидерите од регионот и ЕУ

Планот за раст на Западен Балкан претставува јасен сигнал за посветеноста на Европската Унија за економска и демократска трансформација на...

Македонија24 часа

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Љупчо Палевски-Палчо, првосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по синоќешната екстрадиција, го издржува 30-дневниот притвор што му...

Македонија1 ден

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Грчкиот парламент нема да ги ратификува трите меморандуми од договорот од Преспа сè додека не постои целосно усогласување со одредбите. Oтстапувањето...

Македонија1 ден

Љупчо Палевски-Палчо ја помина првата ноќ во затворот во Шуто Оризари

Љупчо Палевски-Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, ја помина првата ноќ во...

Свет1 ден

ИДФ: Петмина израелски војници загинаа, седум се ранети во „пријателски оган“

Петмина израелски војници беа убиени, а седум други беа ранети, од кои тројца потешко, вчера во Џабалија во северниот дел...

Свет1 ден

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност, изјави вицепремиерот

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност по вчерашното повеќекратно застрелување во обид за атентат, изјави вицепремиерот....