Македонија
Манчевски: Го осудуваме секој обид за злоупотреба и мобинг врз јавната администрација
Владата и Министерството за информатичко општество и администрација, изминатите две и пол години посветено работат на тоа злоупотребите, партизацијата и мобингот врз јавната администрација да бидат дел од минатото. Дополнителните министри и заменици министри од опозицијата, во изминатите две недели, во континуитет се обидуваат нивниот начин за заплашување и ставање на администрацијата во партиски цели, повторно да го направат реалност.Упад во подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство од страна на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски, го осудуваме и повикуваме притисокот врз јавната администрација да остане во минатото. Во таа насока, повторно ќе биде објавена алатката за пријавување на притисок на работно место, се вели во соопштението на Министерството за информатичко општество и администрација, како рекација на упадот на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски.
„Со реформата и професионализацијата на јавната администрација, конечно вработените имаат простор да ги извршуваат работните задачи, да бидат сервис на граѓаните и со тоа да придонесат кон зголемување на ефикасноста на јавната администрација.
Наша цврста определба е изборите на 12 април да бидат слободни, фер и демократски. Основен предуслов за тоа е граѓаните да бидат ослободени од секаков вид на притисоци и заплачување.
Од тоа немаме намера да отстапиме, ниту пак ќе дозволиме некој одвнатре или однадвор да ја загрози неприкосновената волја на граѓаните. Ги повикуваме техничките кадри на ВМРО-ДПМНЕ да се ослободат од матрицата во која се заглавени и конечно да почнат да работат во служба на сите граѓаните. Нивна улога е да придонесат кон спроведување на фер и демократски избори и ги повикуваме да работат во согласност со нивните надлежности“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.