Македонија
Маричиќ: Ако Македонија ја заврши задачата, Бугарија нема да наметнува нови барања
Вицепремиерот Бојан Маричиќ верува дека нема да има никакви компликации за нашите преговори со ЕУ од бугарска страна ако Македонија си ја заврши задачата.
Досегашните комуникации со бугарската влада, како што уверува Маричиќ, не укажуваат на злонамера или нешто што е повеќе од она што е запишано во преговарачката рамка, заклучоците на Советот и протоколот.
„Нема Бугарја да вади дополнителни причини за блокирање ако ние си ја завршиме задачата. Доколку во најлош случај дојде до тоа, тие би се соочиле со сериозен притисок од заедницата. Мислам дека има добра волја од страна на новата влада да нема дополнителни прашања што ќе го забават процесот“, рече Маричиќ.
Тој истакна дека Владата до крајот на својот мандат нема да се откаже од обидите да бидат усвоени уставните измени. Укажа дека е многу важно тоа да се случи годинава за време на проширувањето.
Владата е подготвена за разговори со опозицијата, вели вицепремиерот и додава дека каналот за комуникација не треба да се затвори, па ако има желба од опозицијата за лидерска средба, нема да бидат одбиени.
Според вицепремиерот, идеално би било во текот на септември да биде усвоен извештајот за скринингот за првиот кластер и да ја добиеме поканата за доставување на патоказите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

