Македонија
Маричиќ од Брисел: Процесот на преговори со ЕУ го отвора пазарот на труд и го прави македонскиот работник повреднуван
Во Брисел, во тек е одржувањето на билатералниот скрининг состанок за Поглавје 2 „Слободно движење на работници“, за кое вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во своето видеообраќање од Европската комисија, вели дека ова е многу важно поглавје за македонските граѓаните, бидејќи со усогласувањето со законодавството на ЕУ се отстрануваат бариерите поврзани со европскиот пазар на трудот, а неговото отворање ќе го направи македонскиот работник повеќе вреднуван.
– Со пристапувањето на Северна Македонија во Унијата, за македонските граѓани ова значи работа без работна дозвола, еднаков третман при вработувањето како и со државјаните на останатите земји членки на ЕУ, еднакво социјално осигурување како граѓаните на земјата-членка каде што работникот е вработен, право на пензиски и социјални придонеси, меѓусебно признавање на квалификациите, вели во видеообраќањето Маричиќ.
Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ вели дека имаме направено низа реформи во оваа област, но уште треба да се направи, посочувајќи дека Северна Македонија има склучено 15 билатерални договори за социјално осигурување со земји-членки на Европската унија, а со 9 земји-членки на Европската Унија за користење на Европската картичка за здравствено за осигурување на територијата на Република Северна Македонија.
Оваа недела во Брисел на скрининг агендата беа Поглавјата 9, „Финансиски услуги“, 28, „Заштита на потрошувачи и јавно здравје“, а денеска во моментов во тек е скрининг состанокот за Поглавје 2 „Слобода на движење на работници“, поглавја кои како што вели Маричиќ содржат прописи исклучително важни за граѓаните и квалитетот на животот, но и за финансиската и макроекономската стабилност на Северна Македонија.
– Ни останува уште да презентираме за постигнувањата и усогласувањата со ЕУ за Поглавјето 8, „Конкуренција“ многу важно поглавје од Кластерот 2 „Внатрешен пазар“, и според предвидениот календар продолжуваме со третиот кластер, најави Маричиќ.
Вицепремиерот уверува дека преговорите со ЕУ се одвиваат по планот и дека македонскиот преговарачки тим успешно го води скрининг процесот и дека е важно да го задржиме ова темпо и да одржиме континуитет во преговорите со ЕУ.
– Тоа ќе наметне забрзување на реформите, што е секако во наш интерес, за добро на државата и на граѓаните. Да докажеме дека сме сериозна држава за членство во ЕУ и дека сме исполнителни во спроведувањето на нашите обврски и европската реформска агенда. Во ноември оваа година подготвени за следната фаза, да продолжиме понатаму и граѓаните да почнат вистински да ги чувствуваат придобивките од пристапните преговори со ЕУ, порача Маричиќ.
Во продолжение интегрален текст од обраќањето на вицепремиерот Маричиќ:
„Денеска во Брисел го одржуваме билатералниот скрининг состанок за Поглавје 2, „Слободно движење на работници“. Со пристапувањето на Северна Македонија во Унијата, за македонските граѓани ова значи работа без работна дозвола, еднаков третман при вработувањето како и со државјаните на останатите земји членки на ЕУ, еднакво социјално осигурување како граѓаните на земјата-членка каде што работникот е вработен, право на пензиски и социјални придонеси, меѓусебно признавање на квалификациите.
Имаме направено низа реформи во оваа област, но уште треба да се направи. Северна Македонија има склучено 22 билатерални договори за социјално осигурување, од кои 15 се со земји-членки на Европската унија. Исто така имаме потпишано договори со 9 земји-членки на Европската Унија за користење на Европската картичка за здравствено осигурување на територијата на Република Северна Македонија.
Во Брисел македонскиот преговарачки тим имаше интензивна недела на презентирање на досегашните реформи и работата преземена во областите на финансиски услуги и заштита на потрошувачите како и јавно здравје.
Овие поглавја содржат прописи исклучително важни за граѓаните и квалитетот на животот, но и за финансиската и макроекономската стабилност на Северна Македонија.
Ни останува уште да презентираме за постигнувањата и усогласувањата со ЕУ за Поглавјето 8, „Конкуренција“ многу важно поглавје од Кластерот 2 „Внатрешен пазар“, и според предвидениот календар продолжуваме со третиот кластер.
Преговорите со ЕУ се одвиваат по планот. Успешно го водиме скрининг процесот, тимовите се добро подготвени и се на нивото на задачата во сите области. Важно е да го задржиме ова темпо и да одржиме континуитет во преговорите со ЕУ. Тоа ќе наметне забрзување на реформите, што е секако во наш интерес, за добро на државата и на граѓаните.
Да докажеме дека сме сериозна држава за членство во ЕУ и дека сме исполнителни во спроведувањето на нашите обврски и европската реформска агенда. Во ноември оваа година подготвени за следната фаза, да продолжиме понатаму и граѓаните да почнат вистински да ги чувствуваат придобивките од пристапните преговори со ЕУ.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

