Македонија
Маричиќ: Остануваме партнер во социјалниот дијалог со синдикатите

На денешното обраќање на настанот по повод јубилејот 30 години Синдикат на УПОЗ , министерот за правда, Бојан Маричиќ, ја потврди заложбата на Владата и на Министерството за правда да бидат стабилен партнер во социјалниот дијалог со Синдикатот на УПОЗ, со цел подобрување на животниот стандард на работниците.
„Во текот на годините постоеле ситуации кога Владата и Синдикатот се нашле на различни страни, но стремежот наш отсекогаш бил и ќе биде да има партнерски однос со синдикатите. Дури и кога не се согласуваме за одредени работи, успеваме преку конструктивен и искрен дијалог да дојдеме до заедничко решение и да постигнуваме договори бидејќи интересите на работниците треба да се на прво место“, рече Маричиќ во своето обраќање.
Министерот ја истакна и важноста на синдикалното дејствување и улогата на државата во борба за слободна, демократска, правна и социјална држава, но и достоинство на професијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.