Македонија
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, имаше средба со пратениците од Европскиот парламент, на која преку отворен и конструктивен разговор потврдија дека и покрај сите предизвици со кои се соочува Европа, Европската Унија мора да остане активна во регионот и во Северна Македонија.
„Прогрес е возможен, веруваме дека има решение, но мора и да се покажат европско лидерство и политичка волја од двете страни. Европскиот парламент може да влијае на политиката на Унијата и очекуваме поддршката што ја добиваме дека ќе се реализира на дело“, рече Маричиќ на состанокот.
Европратениците на средбата со вицепремиерот ја потврдија заложбата за проширување на Унијата со регионот и нагласија дека очекуваат да продолжи дебатата во самата ЕУ за прашањето и важноста за проширување на Унијата, за иднината на Северна Македонија и регионот во ЕУ да биде потврдена.
„Верувам дека европратениците навистина ја ценат улогата на Северна Македонија и во регионот и како билатерален партнер на Европската Унија. Одамна требаше да ги почнеме преговорите и веќе доволно време е изгубено, сега е историски момент за историски одлуки“, додаде Маричиќ.
На состанокот беше разговарано и за суштинските визии за иднината на ЕУ, како и за ставовите на европратениците за политичките случувања во Европа и во Западен Балкан.
Вицепремиерот на крајот ги потврди македонските позиции во преговорите со Бугарија и рече дека остануваме посветени на нашата европска интеграција бидејќи тоа го заслужуваат граѓаните, кои го прифатија предизвикот за трансформација и европеизација на општеството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Шуто Оризари, Сарај и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 10.30 часот дел од корисниците од ул. Брсјачка Буна, Демирхисарска и Пелагонија (општина Шуто Оризари)
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците во с,Кондово кај пумпата за водовод (општина Сарај)
· во периодот од 10.00 до 13.00 часот дел од корисниците од ул.Михаил и Ефтихиј и ул.Георги Димитров (општина Кисела Вода)
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Денеска во попладневните часови и во четврток врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат.
Македонија
Министерот Муцунски домаќин на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Скопје го пречека министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, кој во рамки на својата работна турнеја на Западен Балкан ја оствари првата официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата министерот Муцунски изрази задоволство од посетата, потенцирајќи дека таа уште еднаш ја потврдува важноста што Германија ѝ ја придава на регионот на Западен Балкан, а особено на нашата држава. Посетата претставува јасна потврда за силната германска поддршка на европската перспектива на регионот.

Двајцата министри го поздравија интензивниот политички дијалог на високо ниво што двете земји го развиваат повеќе од три децении. Се согласија дека сеопфатната билатерална соработка во сите сектори претставува цврста основа за понатамошно интензивирање на дијалогот и развивање нови форми на партнерство.

Министерот Муцунски се заблагодари за континуираната и недвосмислена германска поддршка на евроинтегративниот процес на нашата земја. Тој го информираше министерот Вадефул за актуелните активности поврзани со европската агенда, реформските процеси, регионалната соработка и добрососедските односи, при што ја потврди силната посветеност на Владата кон спроведување на реформите и напредокот на патот кон членство во Европската унија.

Министерот Вадефул увери дека Германија останува силен поддржувач на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија, вклучително и на нашата држава. Тој нагласи дека целосната европска интеграција на регионот претставува најсилен гарант за долгорочна стабилност, мир и просперитет во Европа.

