Македонија
Маричиќ: Со европската перспектива обезбедуваме повеќе европски програми и нови можности за младите
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг за Поглавјето 26, „Образование и култура“, во своето воведно излагање рече дека Владата ја препознава важноста на образованието, обуката и на програмите за млади, како клучни носители на развојните политики, кои придонесуваат за економски раст и отворање нови работни места.
„Младите заслужуваат европска иднина и можности како своите врсници во Европската Унија, а наша обврска е тоа да им го овозможиме. Направивме важни реформски процеси и продолжуваме да напредуваме понатаму“, рече вицепремиерот Маричиќ пред претставниците на Европската комисија.
Маричиќ се осврна на реформите и на тековните активности и проекти на кои се работи во областа на образованието и културата потенцирајќи ја реформата во стручното образование, чија цел е подготовка на младите да одговорат на барањата на пазарот на трудот.
„Тука спаѓа и формирањето регионални центри за стручно образование и наука. Во рамките на постојаните напори за подобрување на квалитетот на образованието, во согласност со Стратегијата за образование на возрасни 2019-2023 година, еден од најважните приоритети е воспоставување систем за признавање на неформалното учење, кој ќе им овозможи на лицата да се стекнат со квалификација и имаат поголема вклученост на пазарот на трудот“, рече Маричиќ.
Во однос на младинските политики, тој истакна дека властите продолжуваат да формираат младински центри во секоја општина за поддршка на младите, дека е донесен е Законот за младинското учество и младинските политики, а најави и дека се подготвува нова стратегија за млади 2023-2027 година.
„Што се однесува до програмите на ЕУ во оваа област, Северна Македонија е многу успешен учесник. Ги потпишавме и почнавме да ги спроведуваме договорите за учество во ‘Еразмус +’ и Европскиот солидарен корпус за новиот финансиски циклус. Програмата ‘Еразмус+’ се управува со значителна стапка на посветеност и капацитет на апсорпција. Во рамките на 2014-2020 година доделени се 4.199 гранта, со вклучени над 32.000 учесници и исплатени 37 милиони евра“, посочи Маричиќ.
Во овој дел директорот на Националната агенција за европски програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, истакна дека Националната агенција посветено работи на промоција на програмите „Еразмус+“ и Европскиот солидарен корпус преку организирање работилници за добро информирање и запознавање со програмите.
„Создаваме можности за сите, особено за младите. Преку национални тимови за обука во стручно образование се подготвуваме за следната година – година на вештини на европско ниво. Вклучувањето во програмите ‘Истражи ја ЕУ’ и ‘Спорт’ ги доближуваме и истакнуваме многуте можностите за сите“, рече директорот Ѓоргиевски.
Во областа на културата, главниот преговарач со ЕУ, Маричиќ, рече вдека Министерството за култура останува посветено на програмата „Креативна Европа“ како еден од главните европски проекти за поддршка на европската културна соработка изразена преку културни творби и обединување на различностите, во чии рамки поддржани се 14 проекти со вкупен износ од речиси 2,5 милиона евра грантови, а во рамките на потпрограмата „Медија“ поддржани 3 проекти со 142.000 евра.
Денес, во Брисел се одржуваат два објаснувачки скрининг-состаноци за Поглавјето 26, „Образование и култура“, и за Поглавјето 19, „Вработување и социјална политика“, на кои Европската комисија ќе го презентира новиот корпус на ЕУ-законодавство донесено во периодот по 2018/2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините снег, од следната недела заладување
Времето утре, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Сали – Џанел: Холандската поддршка значајна за реформите и евроинтеграцијата
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Џанел.
На средбата се разговарало за европската интеграција, спроведувањето на Реформската агенда и билатералната соработка. Министерот Сали нагласил дека членството во ЕУ останува стратешки приоритет, како и целосната усогласеност со Владеење на правото.
Било дискутирано и за уставните измени како предуслов за отворање на кластерите, како и за напредокот во рамки на Кластерот „Темелни вредности“. Воедно било истакнато дека третото барање за исплата на средства е доставено навремено, со значителен напредок во реформските чекори.
„Двете страни ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на соработката во областа на реформите и владеењето на правото“, соопштија од Министерството.
Македонија
ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната плата да се големи на 600 евра, а сите останати да се зголемат за 100 евра. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, од улица им кажа на газдите во коморите, за кои смета дека избркале цели семејства надвор од државата, дека се оставени да бидат единствени виновници што не се покачува минималната плата.
„Владата веќе кажа дека се договарала со своите вработени, па ги остави газдите да бидат виновни за идниот генерален штрајк и во јавниот и во приватниот сектор“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.
Им порача на газдите дека понудата за зголемување на минималната плата е се уште на маса, но нема да остане уште долго оти следниот пат ќе се појават со генерален штрајк. Кажа дека во неработен ден ќе организираат голем работнички протест со организиран превоз за работниците, за да се даде шанса на секој работник да им се придружи.
Претседателот на ССМ Трендафилов објасни дека пред коморите, исто како и пред Собранието, се појавиле со само 21 работник оти толку бара законот, но да немало такво ограничување тој кажа дека бил подготвен за застане сам за да ги заштити работниците да бидат сликани и снимани.
Потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски, кажа дека се подготвени секојдневно да им бидат пред очи и на пратениците и на газдите.
„Доколку газдите не се одважат дел од колачот да го дадат на работниците кои во минатото им го овозможиле тој профит, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица со нив, со блокади со шатори и секој еден ден да ги потсетуваме дека повеќе за тие плати нема да работиме“, рече потпретседателот на ССМ, Пешевски.
За вторник следната недела ССМ најави блокада на Владата, пред повторно да преминат на нов голем работнички протест и генерален штрајк.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, денес кажа дека блокадите и протестите на ССМ имаат политичка заднина и во деновите што доаѓаат на македонската јавност ќе и покаже како лицата кои блокираат се поврзани со опозицијата.

