Македонија
Масовната екоакција во Аеродром заврши со чистење на училишните дворови
Масовната екоакција, што ја почнаа пред две недели Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“, денеска финишира со чистење на дворовите на сите основните училишта.
Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, заедно со помошник-директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Златко Христовски, и со претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, се вклучија во акцијата во ООУ „Блаже Конески“ во населбата Мичурин.

„Ги охрабрувам младите што денеска чистеа со нас и во иднина да бидат пример за возрасните и да продолжат да се грижат за чиста животна средина“, порача градоначалникот Марин. Главната цел, како што појасни Марин, е да се подигне еколошката свест кај најмладата популација и секој со своите постапки да придонесе за заштита на животната средина.

Исто така, денеска беше извршено машинско и рачно метење на главните и сервисните улици во општината.

Во изминатите две недели беа исчистени голем број мини депонии, а на повеќе локации беа поставени и контејнери за собирање кабаст отпад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

