Македонија
Мајката знаела дека татко ги силува двете малолетни ќерки, ама ги убедувала дека е срамота да кажат
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на прилепско за кого постои основано сомнение дека сторил продолжени кривични дела – силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1, како и родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Во периодот од 2021 до 2023 година, во повеќе наврати, осомничениот во својот дом вршел полови дејствија врз неговите три ќерки, родени 2008, 2010 и 2014 година, кои во време на сторување на делата немале наполнето 14 години.
Истрага е поведена и против мајката на децата, која е осомничена за кривично дело запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Делото го сторила со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување и ги запуштила своите ќерки, кои и кажале дека таткото врши полови дејствија и обљуба врз нив, а таа ги убедувала дека е срамота да пријават и дека треба да ги почитуваат родителите.
Со тоа допуштила децата жртви да живеат заедно со нивниот татко кој полово ги злоупотребувал и не презела никави мерки за нивна заштита. На 27 јуни, едно од девојчињата се охрабрило и го пријавило таткото во полиција.
Надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за двајцата родители и иницира соодветно згрижување на сите деца од семејството преку надлежните служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Утре сончево време со температура до 15 степени
Утре во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.
Македонија
(Фото) Колони возила чекаат влез во Македонија преку „Дојран“, „Богородица“ е затворен
Колони возила чекаат на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Ники“ (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
Според најновата информација од АМСМ, сообраќајот на ГП „Богородица“ (ГП Евзони) од 15 часот е нормализиран во двата правци.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.

