Македонија
МВР со демант: ВМРО-ДПМНЕ лаже, вкупниот криминалитет досега годинава е намален за 31,55 отсто
Како реакција на прес конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, Министерството за внатрешни работи попладнево испрати демант дека има зголемен криминалитет во државата и недопирливи блиски лица на високи функционери од сфератата на безбедноста.
– Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите изнесени денеска од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Вистината, која јасно се докажува низ бројки, е дека во поглед на вкупниот криминалитетот имаме намалување за 31.55 % во првите два месеца од 2023 година, споредбено со првите два месеца од 2022 година, што секако е резултат на доброто и ефикасно работење на полицијата, – се вели во дописот до медиумите.
Од МВР велат дека е класична лага и обвинувањето за наводна блискост на раководни лица во полицијата со лице кое извршило кривично дело. – Токму против лицето С.М. се поднесени две кривични пријави, приведуван е во полициска станица, а вршени се и претреси на дом, што директно покажува дека и во овој случај ВМРО-ДПМНЕ пласира невистини и ја лаже јавноста, – стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: 45,88 отсто е одѕивот до 17 чaсот на избирачките места на кои има прегласување
До 17 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 2071 односно 45,88 отсто, објави Државната изборна комисија (ДИК).
Во ИМ 2101 во Желино гласале 503 гласачи односно 50,65%.
Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 270 гласачи односно 57,57%.
Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 85 гласачи односно 28,52 %.
Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 306 гласачи односно 43,04%.
Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 281 гласачи односно 42,71%.
Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 234 гласачи односно 37,03%.
Во ИМ 1844 во Струга, гласале 392 гласачи односно 52,06 %.
Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 17 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 0,14 отсто на овие избирачки места.
Македонија
Во ОКТА отворен првиот тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати
Следејќи ја својата стратешка определба за етичко и општествено одговорно работење и, истовремено, поставувајќи ја безбедноста како врвен приоритет, ОКТА инвестираше во нов тренинг-центар за противпожарна заштита од нафтени деривати, прв од ваков вид во земјава.
Новиот тренинг-центар ќе овозможи изведување на вежби и сценарија на противпожарната единица ОКТА во строго контролирани и безбедни услови за вработените и инфраструктурата на компанијата.
„Отворањето на овој тренинг-центар повторно ја потенцира нашата цврста и одлучна определба за инвестирање во капацитети и иницијативи кои треба да обезбедат одржлива иднина за ОКТА, но и да ја гарантираат безбедноста која што е наш врвен приоритет. Тренинг-центарот има исклучително значење за нашата компанија и ќе придонесе за натамошно одржување на високиот степен на подготвеност на нашиот противпожарен тим, но и на сите вработени во компанијата, за ефикасно справување со ризични ситуации поврзани со појава на пожари. Истовремено, подготвени сме нашето знаење и сите капацитети на овој центар да ги ставиме во служба на институциите, останатите компании и заедницата, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата општествена одговорност на која сме особено посветени и горди“, изјави Ице Рикалоски – директор на оператива во ОКТА АД Скопје.
На презентацијата на новиот тренинг-центар беше изведена и показна вежба на противпожарната единица на ОКТА која ја следеа претставници на Центарот за управување со кризи и на неколку противпожарни бригади од земјава.
Тренинг-центарот, со вкупна површина од 1.000 квадратни метри, е лоциран во кругот на ОКТА, изолиран од резервоарскиот парк и рутите на движење на цистерните со деривати. Ова овозможува сигурно и безбедно користење, тренирање и работа со отворен пламен, без никакви ризици по останатиот дел од инсталацијата. Непосредната близина на противпожарната служба на компанијата овозможува беспрекорна поддршка на корисниците на тренинг-центарот. Инфраструктурата на овој центар која што вклучува подземна хидрантска линија со поставени дополнителни четири (4) надземни хидранти за обезбедување на доволни количества вода во случај на итност, довод на дериват за изведување на вежбите, согласно претходно утврдени симулации, изведен според најстрогите API-стандарди и елементи за симулација и стручна практична обука овозможуваат безбедни и строго контролирани услови за тренинг и усовршување.
На почетокот центарот ќе функционира како полигон за обука и увежбување на техники за гасење пожари предизвикани од нафтени деривати и ќе се користи за обука на вработените во ОКТА, како и за заеднички вежби со противпожарните единици со кои компанијата има склучено меморандуми за соработка. Во следната фаза планирано е тренинг-центарот да се прошири и со реквизити за обука и тренинг за справување и со други видови пожари, како што се: пожари во затворени простории, пожари од А-категорија, но и во истражување на техники за спасување во случај на пожар во затворен простор. Истовремено, овој прв тренинг-центар ќе им биде ставен на располагање на државните институции, локалните самоуправи и на други компании, за вежби и обуки на своите противпожарни единици.
Противпожарната единица на ОКТА е основана со самиот почеток на работа на компанијата и располага со две целосно опремени противпожарни возила, како и друга дополнителна опрема за гасење пожари. Во процес на набавка на теренско возило 4×4 кое што е комплетно опремено со резервоари за вода и пенило, пумпа со висок притисок и сет од млазници за користење при интервенција на различни видови пожари. Оваа противпожарна единица брои 23 високо обучени професионалци, особено во делот на заштита од пожари и експлозии во нафтени индустрии, како и за гасење пожари во урбани средини. Досега единицата има забележено голем број успешни интервенции и надвор од кругот на ОКТА, особено во заедницата во која што работи и делува.
ПР
Македонија
Добивме уверувње од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе останат посветени на европскиот пат, рече Ескобар
Очекуваме дека Северна Македонија ќе продолжи по европскиот пат, кажа заменик-помошникот секретар на САД во заминување и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, во онлајн интервју за Европскиот центар на Атлантскиот совет.
Ескобар, за време на разговорот за улогата на САД во услови на предизвици на Западен Балкан, беше прашан дали по победата на ВМРО-ДПМНЕ и зголемената загриженост за Договорот од Преспа се` уште верува оти патот кон Европа ќе продолжи, како што изјави на денот на изборите.
„Да. Мислам дека Европа и САД многу јасно ја кажаа нашата позиција на претседателот по инаугурацијата дека целосно очекуваме оти Северна Македонија ќе продолжи по својот европски пат, ќе се посвети, ќе продолжи да биде посветена членка на НАТО, и верувајте ми, тие се посветена членка на НАТО. И добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија [ВМРО-ДПМНЕ] која победи на изборите, дека ќе останат посветени на европскиот пат“, одговори Ескобар, пренесе „Гласот на Америка“,
Toj рече дека всушност „постои сè поголем реализам дека нема друга алтернатива“.
„Така, мислам дека ќе видиме и се надевам дека ќе видиме тој пат да продолжи да биде главна политичка цел на новата влада“.
Стејт департментот, на прашање на Гласот на Америка на македонски дали САД ќе ја повикаат Грција да ги изгласа меморандумите, како што ја повикаа и Северна Македонија да го почитува договорот, изјави дека „САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и на евроатлантските интеграции на Северна Македонија“.
Oд прес-службата на Стејт департментот кажаа дека како што ќе се формира нова влада и ќе се избере премиер, САД ќе продолжат да ја истакнуваат важноста да се почитуваат „ меѓународните договори и придобивките од полноправното членство во Европската Унија“.