Македонија
МВР со детали за тепачката на базенот во Штип: млада радовишанка е тепана и пријавила

Министерството за внатрешни работи објави детали за масовната тепачка на градскиот базен во Штип, каде што со боксови се тепаа мажи и жени.
На 17.7.2023, во 16.10 часот, во Полициската станица Штип, Е. Н. (25) од с. Бучим, Радовишко, пријавила дека околу 15.30 часот на градскиот базен во Штип била физички нападната од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Пресметката се случила вчера во текот на попладневните часови, а од снимката што е објавена се гледа како на еден ќош се тепаат три жени, а од другата страна двајца мажи.
View this post on Instagram
Поводот за тепачката е сѐ уште непознат, но многумина на социјалните мрежи коментираат дека ова однесување е непристојно, особено затоа што се случува на јавен простор и пред деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Таравари: Не сме навикнати да бидеме декорација, така беше во Владата

Арбен Таравари, поранешниот министер за здравство, ја објасни својата оставка во интервју за албанската телевизија МЦН. Како причина за напуштањето на Владата ја наведе игнорацијата кон Вреди и недостигот на координација меѓу албанските партии во владејачката коалиција.
„Ние како Алијанса за Албанците не сме навикнати да бидеме само декорација. Затоа решивме да одиме во опозиција и да се вратиме кај граѓаните. За нас е важно да се мобилизираме и да извојуваме победа на локалните избори во октомври“, изјави Таравари.
Тој посочи дека, иако првпат четири албански партии биле дел од една влада, во последните месеци дошло до сериозна дискоординација што, според него, ја искористила најголемата македонска партија.
Во меѓувреме, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа од Арачиново му испрати порака на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека со менување на Законот за употреба на јазиците и Охридскиот рамковен договор го загрозува мирот и стабилноста на државата.
„Албанците се над 30%, живеат на своите огништа и се нераскинлив дел од државноста. Ниту една сила не може да ја сопре оваа реалност“, порача Ахмети.
Политичките тензии се зголемуваат во момент кога се појавуваат гласини дека дел од пратениците на Европскиот фронт преминуваат во Вреди. Вицепремиерот Изет Меџити изјави дека најмалку четворица пратеници ќе се приклучат на новата група.
Од коалицијата Вреди, пак, денеска испратија соопштение во кое тврдат дека ДУИ се движи кон политичка бездна и дека Ахмети го доживува својот крај. Ги повикаа разочараните поддржувачи на Алијанса за Албанците да им се приклучат.
„Употребата на Таравари е само обид да се создаде димна завеса и да се скрие падот на ДУИ“, стои во нивното соопштение.
Новата пратеничка група Вреди, формирана пред два дена, моментално брои 9 пратеници, а нов координатор е Беким Ќоку. Дополнително, се најавува и посебна пратеничка група од крилото на Таравари во Алијансата, која според најавите ќе брои 5 пратеници и ќе поднесе барање до Собранието идната недела.
Македонија
Ноќва ќе се смрзнеме, УХРМ предупредува за минусни температури

Наспроти најавите за потопло време, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека ноќва и утре изутрина температурите во некои делови на државата ќе се спуштат под нулата. Се очекуваат минимални температури од -1 до 7 степени Целзиусови, а дневните ќе достигнат од 14 до 26 степени.
Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и топло време, кој ќе трае до понеделник. Сепак, предупредуваат дека утринските часови ќе бидат студени, со што постои ризик за мраз, особено во ниските места и котлините, што може да предизвика штети кај чувствителните земјоделски култури.
„Во текот на наредната седмица, во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и ретки грмежи“, стои во најавата од УХМР.
Метеоролозите апелираат до возачите да бидат внимателни поради можна појава на лизгави делници рано наутро, како и до земјоделците да преземат мерки за заштита на посевите од утринскиот мраз.
Македонија
Лосон демнатира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Британскиот амбасадор Метју Лосон на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата на Република Македонија ги демантираше тврдењата дека договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство подразбира прифаќање мигранти од Британија.
„Драго ми е што земјата се согласи на оваа соработка, но таа се однесува на полициската координација меѓу агенциите. Тоа го правиме и со повеќе европски земји. Не станува збор за тоа дека Македонија ќе прифаќа мигранти од Британија“, истакна Лосон.
Тој додаде дека договорот предвидува интензивна соработка во справувањето со организирани мигрантски групи, размена на доверливи информации и зајакната координација на безбедносните служби.
„Ова е широко партнерство. Има многу шпекулации во медиумите, и кај нас и овде. Но суштината на договорот е во економијата и безбедносната соработка“, појасни амбасадорот.
Премиерот Христијан Мицкоски, од своја страна, ја поздрави отвореноста на Обединетото Кралство и порача дека Северна Македонија останува посветена на меѓународната координација во борбата против нелегалната миграција и криминалот.