Македонија
СДСМ: Медарите од ДПМНЕ се неспособни, Владата предводена од СДСМ обезбеди парно за скопјани

Скопјани утрово на првиот ден од грејната сезона се разбудија со топли радијатори откако „Електрани“ на Северна Македонија ги доби потребните лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, велат од владејачката СДСМ.
Според нив, 60.000 домаќинства од денес па до крајот на грејната сезона ќе имаат затоплување на своите домови затоа што Владата предводена од СДСМ го презеде управувањето со парното греење откако Град Скопје се откажа од него.
„Иако станува збор за дејност за која е надлежен Град Скопје, градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска избега од оваа одговорност во време на светска економска и енергетска криза. Очигледно дека на неспособните медари од ВМРО-ДПМНЕ не им се важни граѓаните, туку се интересираат единствено за местење тендери и делење провизии“, посочуваат од СДСМ.
„Покрај тоа што бега од обврските, ВМРО-ДПМНЕ преку пратениците продолжува да ја кочи работата на Собранието и блокира важни закони меѓу кои и Законот со кој се обезбедуваат 100 милиони евра за непречено работење на ЕСМ во време на криза. Огромна е разликата помеѓу одговорниот однос на СДСМ и деструктивното и штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ“, додаваат од партијата на власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од улицата Франце Прешерн, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Симеон Кавраков, Петар Ацев и Анастас Митрев, општина Аеродром.
Македонија
Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Од денеска до среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат без промени.
Македонија
(Фото) Успешна евакуација на повредено лице со хеликоптер на Армијата

Вчера, во попладневните часови, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата на Република Северна Македонија, поради сериозноста на повредите и непристапниот терен, изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер од вВИНГ, на лице кое паднало во провалија во близина на Ливадичко Езеро, Шар Планина.
Повреденото лице, при падот, се здобило со скршеници на раката, ногата и колкот, како и со обилно крварење, поради што било во критична состојба. На лице место интервенираше екипаж- тим на парамедици, кои и покрај непристапниот терен успешно го извлекоа и имобилизираа повредениот.
„Армијата во координација со ЦУК и здравствените установи изврши успешна медицинска евакуација и го предаде повреденото лице на екипа од итната медицинска помош, по што истото беше транспортирано на понатамошен болнички третман.
Армијата на Република Северна Македонија, заедно со останатите институции во државата продолжува да дејствува во интерес на граѓаните, обезбедувајќи навремена и професионална поддршка“, се наведува во соопштението на Генералштабот на Армијата