Македонија
Меџити: Артан и Артанците работат за своите кариери, не за народот, се однесуваат кон нас полошо отколку со опозицијата
Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери пред жителите на Требош истакна дека нивната посета е со цел информирање на граѓаните за нивната иницијатива за „демократизација на ДУИ, промена на извршната власт и враќање на партијата на правиот пат“.
„Потребно ни е унапредување на ДУИ, за што напорно работевме. Констатиравме многу небрежност и нереализирање на проектите што ги ветивме на изборите. Отворивме дебата во партијата, зошто станавме зелена партија, тоа не беше приоритет на изборите, или можеше да биде втор или трет приоритет, и дојде моментот кога реагираме за да ја вратиме партијата на вистинскиот пат“, рече Џафери.
Потпретседателот на ДУИ и пратеник во Собранието на Северна Македонија, Изет Меџити, рече дека овие интерактивни средби со жителите ги одржуваат за да ја презентираат иницијативата за промени, но и да добијат совети од граѓаните.
„Речиси целосно го изгубивме Полог, со Артан и Артанците, кој создаде артанистички дух кај министрите и активистите, и се однесуваат кон нас полошо отколку со опозицијата. Албанците имаат позиции како никогаш досега, со претседател на парламентот, половина од министрите, со 80 проценти од економските ресори, додека ефект нема. Дури и кога бевме во националистичка влада вработивме 500, 600 млади луѓе, спречивме бегство на младите, нема инвестиции, Артан Груби не презема никаква иницијатива кон децентрализација, кон зајакнување на албанскиот јазик. Нема капитални инвестиции, нема патишта во албанските населени места. Зборува за коридорот 8, додека Скопје-Блаце, два километри не се направени“, вели Меџити.
Оценува дека од 400 милиони евра капитални инвестиции, најмалку 100 милиони треба да се инвестираат во албанските региони.
Организацискиот секретар и градоначалник на Општина Сарај, Блерим Беџети, рече дека Министерството за политички систем е создадено за да ги координира сите владини проекти, а што прави Артан, тој стана портпарол на владата, а не нејзин втор раководител.
„Зошто нема отчет од министерот за економија, финансии и други или нема развој на регионите. Три години не лажат со коридорот 8, за кој сите сме за, но не гради никакви патишта во албанските села и градови. Артан и Артанците работат за своите кариери, не за народот. Оваа цел мора да се реализира, ДУИ да ја обновиме, ние имаме гласови, тие немаат, и ние сме биле против нив од 2020 година, затоа што се плашиме дека ќе ја уништат ДУИ“, рече Блерим Беџети, кој додаде дека актуелните министри мора да се заменат со нови.
Не можеме да ја отфрлиме оваа победа што ни ја дадоа граѓаните на изборите, поради никој, ниту поради Артан, ниту поради другите Артанци, рекоа високите функционери на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

