Македонија
Меџити-Кумбаро: Земањето искуства од Албанија за привлекување странски туристи би имало значајно влијание и врз нашата земја
За време на официјалната посета на Република Албанија, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање реализираше средба и со министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро.
“И честитав на министерката за извонредниот успех што Албанија го постигна во привлекувањето странски туристи, означувајќи го ова како важен поттик во развојот на туризмот и економскиот раст, како и во позитивната промоција во меѓународните медиуми”, рече Меџити.
Тој нагласи дека овој успех е многу важно искуство за нас, кое ни помага подобро да се подготвиме за прием на туристи во текот на летната и зимската сезона. “Земањето искуства од Албанија за привлекување странски туристи би имало значајно влијание и врз нашата земја. Затоа побарав да се продлабочи соработката меѓу двете земји, преку прекугранични проекти од заеднички интерес. Разговаравме и за животната средина и предизвиците со кои се соочуваме како две соседни земји и братските врски, особено за пожарите кои ги зафатија двете земји и предизвикаа значителни штети на шумите. Оваа состојба бара мобилизација за враќање на шумите во претходна состојба!”, рече Меџити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 д 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубин (општина Сарај), како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Никола Мартиновски и Азем Хајдари, Албанскиот Тетар и објектите лоцирани околу него (општина Чаир), како и дел од корисниците од село Бојане. (општина Сарај)
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

