Македонија
Меџити оствари средба со шефот на СЗО во Македонија Аким Али

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари прва средба со претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) и шеф на Канцеларија во Скопје, Аким Али.
На средбата Меџити и Али изразија подготвеност за зајакнување на меѓусебната соработка, особено од причина што состојбите во животната средина директно се одразуваат на здравјето на граѓаните.
Меџити истакна дека соработка со СЗО се одвивала во одредени области, како што се климатските промени во рамки на развивањето на Националната стратегија за адаптација на здравствениот сектор кон климатските промени.
Првиот заменик претседател Меџити најави дека до крајот на годината Министерството ќе го достави до Владата нацртот на Законот за климатска акција, а со поддршка на Европската Унија и ИПА Програмата ќе се продолжи кон подобрување на состојбите во животна средина и особено квалитетот на воздухот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).