Македонија
Меџити: Словенија е силен партнер во нашето напредување кон ЕУ

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија и министер за Животна средина Изет Меџити, оствари средба со специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеж, како и со словенечкиот амбасадор во земјата, Грегор Прескер.
За време на средбата се разговараше за предизвиците и можностите за европска интеграција, зајакнувањето на билатералната соработка и значењето на регионалната стабилност.
„Словенија отсекогаш била силен партнер и поддржувач на нашата земја и регионот. Нејзината поддршка и искуство се од исклучително значење за забрзување на нашите реформи и напредокот кон ЕУ“, истакна Меџити.
Тој ја нагласи посветеноста на Владата за „постабилен и интегриран Западен Балкан“, при што ја истакна важноста на соработката со меѓународните партнери во овој процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герапетритис разговарал со Муцунски, изразил подготвеност Грција да обезбеди помош во врска со несреќата во Кочани

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, утринава телефонски разговарал со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во врска со несреќата во Кочани.
На својот македонски колега му изразил сочувство за жртвите во несреќата во која загина 51 лице, а околу 100 други се повредени.
Шефот на грчката дипломатија, како што јавуваат локалните медиуми, за време на телефонскиот разговор со Муцунски изразил подготвеност Грција да обезбеди секаква неопходна помош, вклучувајќи и спасувсчки тимови и медицинска помош.
Во меѓувреме се огласи и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој изрази искрено сочувство до Македонија во врска со несреќата во Кочани, повторувајќи ја подготвеноста на Грција да пружа помош.
„Срдечно сочувство до народот на Северна Македонија за загубените животи во трагичниот пожар во Кочани. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Грција е подготвена да помогне во ова тешко време“, пишува Мицотакис во објава на Икс.
Македонија
(Видео) Пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во групи од по неколкумина

Во моментов пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во групи од по неколкумина.
Црвениот крст донесе вода.
Рампите за паркинг се кренати, паркирањето е бесплатно.
Во оваа болница се хоспитализирани 29 пациенти.
Сиљановска Давкова во изјава за медиуми пред „Св.Наум Охридски“ изрази уверување дека повеќето што се повредени ќе се спасат.
-Ништо не можам да кажам, страшно. Знам дека тоа се млади храбри луѓе. Верувам дека повеќе од нив ќе се спасат лекарите се тука. Не можам да сфатам како е можно ова се случи, рече Сиљановска Давкова.
Таа истакна дека ја споделува болката со родителите, додајќи дека не може да поверува како ова се случило.
-Ова е нешто мора однапред да се предвиди, бидејќи не е првпат да сме се соочиле со вакво нешто, рече Сиљановска Давкова.
Македонија
Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје

Oпштина Гази Баба во координација со Владата на Република Македонија, а во соработка со ДУЦОР Партенија Зографски и Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ обезбедува сместување и храна за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје.
На секој граѓанин на кого му е потребно сместување и престој во Скопје може да се јави на следните телефонски броеви:
Игор Петрески – 075430106 претставник на ДУЦОР Партенија Зографски
Иван Симоновски – 078292582, директор на Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ
Перица Пешевски – 075336338 претставник на општина Гази Баба