Македонија
МЖСПП: Законите за Охридското Езеро, за кањонот Матка и за Студенчишко Блато поминаа само прво читање во Собранието
Во врска со информацијата што вчера се појави по медиумите дека Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 13.08.2024 г. ги усвои посебните закони со кои три природни локалитетети во земјава: Охридското Езеро, Kањонот Матка и Студенчишко Блато добиваат посебен заштитен статус, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека Предлог законот за прогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата, Предлог законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата и Предлог законот за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата се во редовна постапка на усвојување и дека се поминати на двете матични работни тела на Собранието: Комисијата за транспорт, дигатална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија на Собранието на РСМ, кои констатираа дека предлозите се прифатливи.
„Предлозите поминаа и прво читање на пленарна седница на Собранието и се во понатамошна постапка во матичните работни тела на Собранието“, посочуваат од МЖСПП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежи од дожд и снег
Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од слаб снег. Во петок и недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а во сабота и понеделник ќе биде променливо облачно.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на улицата Мирослав Крлежа бр.54, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Мирослав Крлежа во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.

