Македонија
МЗ: Кампања за имунизација на ризични групи против тешка форма на Ковид-19, за два дена вакцинирани 1.500 лица

Во рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на Ковид-19, за два дена се вакцинирани над 1.500 лица (со прва и трета доза).
„Преку СМС-пораки ги повикуваме лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои сèуште не се заштитени со соодветна доза вакцина да се имунизираат, во точно определениот термин и пункт, закажани преку Мој термин. Апел до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини и да се имунизираат, заради заштита на своето здравје. Сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни и штитат од тешки форми на Ковид-19“, е наведено во писмениот допис од Министерството за здравство.
Кампањата се реализира во соработка со здравствените домови, матичните лекари и Управата за електронско здравство, кои даваат максимална поддршка на овој процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.