Македонија
Министерството за здравство: Резервите крв и крвни продукти се стабилни
Министерството за здравство и Институтот за трансфузиона медицина редовно ја следат состојбата на крвни резерви. Во Институтот за трансфузиона медицина резервите крв и крвни продукти се стабилни, велат од Министерството за здравство по денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во која тој наведува дека има ограничени количини крв, што мора да се надмине што побргу.
„Дополнително, поради новата состојба со коронавирусот во земјата, Институтот за трансфузиона медицина заедно со Црвениот крст се реорганизира во однос на крводарувањето во земјата со цел да се запазат највисоките мерки на заштита на населението и крводарителите, а притоа да се обезбеди континуиран прилив на донирани едници крв, кои ќе обезбедат количества за покривање на итната програма во согласност со одлуката на Владата.
Министерството и Институтот информираат дека има свежо смрзната плазма за цела година и доволно еритроцитен концетрат во резерви, а крводарувањето се одвива непречено и се организира врз основа на претходно епидемиолошка анкета направена од Институтот за јавно здравје“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

