Македонија
Милевски: Одговорноста е голема, но прифаќам да бидам министер и да работам чесно
,,Одговорноста е голема, но ја прифаќам и како лидер на ЛДП и како политичар. Ќе работиме чесно, со намалување на непотребните трошоци и привилегии, заедно со сите кои имаат идеи, предлози и желба да помогнат во намерата да ги подобриме условите на сите граѓани”, вели лидерот на ЛДП, Горан Милевски кој се наде на новата листа на минситри кои што ги предложи премиерот Зоран Заев.
Милевски вели дека синоќа Централниот одбор на ЛДП, донел одлука да се прифати предлогот на мандатарот Заев, ЛДП да го предводи ресорот локална самоуправа.
,,ЛДП донесе и одлука за министер во овој ресор да ме предложи мене, како претседател на ЛДП и со тоа да даде тежина на ова значајно за нас министерство.Истовремено, Централниот одбор му се заблагодари на досегашниот министер од редовите на ЛДП во Владата, Зоран Шапуриќ за неговиот досегашен успешен ангажман како министер за подобрување на инвестициската клима.Локалната самоуправа од запоставен министерски ресор, ЛДП има намера да го направи еден од најважните ресори во државата”, вели Милевски.
Во соопштението до јавноста се вели дека целта ќе бидат ,,Силни општини, за силна Македонија”, каква што беше заложбата на ЛДП уште пред точно 10 години, кога настапија самостојно на локалните избори во 2009 година под слоганот: ,,Силни општии, силна Македонија”.
,,ЛДП добива огромна задача да ги зголеми ингеренциите и финансиите на локалната самоуправа.Таа можност ќе ја искористиме заедно со одличниот тим кој ќе го изградиме во самото министерство и со поддршка на премиерот и локалната самоуправа. Драго ни е дека претседателот на Владата, Зоран Заев ги споделува нашите намери и идеи за засилување на локалната самоуправа.Ќе успееме заедно, да ги подобриме услугите на граѓаните на локално ниво, да имаме зголемена децентрализација, да имаме силни општини, да имаме искористени европски фондови,да имаме поурамнотежен регионален развој,да имаме спремна државата за брзо затворање на поглавјето 22 во преговорите со ЕУ, да имаме конечно отворени листи за избор на советници,да имаме рамноправен третман на сите општини.Одговорноста е голема, но ја прифаќам и како лидер на ЛДП и како политичар. Ќе работиме чесно, со намалување на непотребните трошоци и привилегии, заедно со сите кои имаат идеи, предлози и желба да помогнат во намерата да ги подобриме условите на сите граѓани”, истакнува Милевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

