Македонија
(Видео) Милошоски: Победата на Пендаровски ќе се исплати со високи политички кредити
Граѓаните гласаа за Стево Пендаровски и имаат високи очекувања. Оние што гласаа за него, пред се мислам на политичките партии кои го одржаа ќе бараат возврат за услугата. Сигурен сум дека ќе има политички фактури кои ќе треба да се наплатат. Во секој случај му пожелувам успешен мандат”, изјави Антонијо Милошоски во Собранието по инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски.
Тој вели дека сега СДСМ и ДУИ имаат апсолутна одговорност пред граѓаните, бидејќи добија апсолутна власт.
,,Сега ќе мора да ги испорачаат она што го ветуваа – живот за сите во Македонија”, додаде тој.
Во однос на политичките кредити коишто ќе треба да ги враќа СДСМ, Милошоски даде период од седум – осум месеци, кога јавноста, според него, ќе биде сведок на ,,враќањето на високите кредити кон одредени политички партии”. Отсуството на премиерот Зоран Заев од инаугурацијата го оцени како ,,чуден и невообичаен сигнал” и рече дека после ден – два може да видиме што ќе се случува и дали ќе има објаснување околу овој настан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 д 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубин (општина Сарај), како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Никола Мартиновски и Азем Хајдари, Албанскиот Тетар и објектите лоцирани околу него (општина Чаир), како и дел од корисниците од село Бојане. (општина Сарај)
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

