Македонија
Министерот Тошковски најави ново средно полициско училиште
„Факт е дека затекнавме хаос, револтирани граѓани и изгубено достоинство. Со макотрпна и посветена и организирана работа го решивме проблемот со издавање лични документи. Нема веќе гужви со часови. Во насока на доближување на условите на МВР до граѓаните и остварување на нивните права, отворивме канцеларии на управни служби во Општина Јагуновце и Матејче и во идниот период ќе се отворат повеќе такви канцеларии секаде каде што немало за граѓаните полесно о побрзо да ги остваруваат своите права и полесен и побрз пристап до нашите услуги“, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција по повод 100 дена од новата Влада.
Во насока на унапредување на условите на условите за работа и градење на задоволна и ефикасна полиција министерот, Тошковски го потенцираше почетокот на целосното реконструирање на Центарот за обука на МВР, планот за изградба на нови полициски станици и преземање на напуштени и неискористени објекти и нивно профункционирање, како и отворањето на новиот Регионален К9 центар за обука и сертификација поддржан од мисијата на ОБСЕ.
„Во наредниот период најавувам ново средно полициско училиште. После прва и втора година средно образование, идните млади полицајци трета и четврта година ќе можат да ги поминат во рамки на средното полициско училиште коешто ќе биде лоцирано токму во центарот за обука. Овој тренд е имплементиран и во земји од ЕУ бидејќи нашите анализи покажуваат дека професионалниот капацитет на полициски службеници коишто биле едуцирани во рамки на средно полициско училиште е далеку повисок така што ова ќе биде еден од основните фокуси на МВР во следниот период“, потенцираше министерот.
Тој посебно го нагласи проблемот со немањето на соодветни полициски униформи за полициските службеници и истакна дека веќе интензивно се работи за набавка на нови практични и квалитетни полициски униформи.
„Се надевам дека веќе следната година сите полициски службеници ќе можеме да ги облечеме, во соодветни, практични и достоинствени полициски униформи какви што тие заслужуваат, а граѓаните очекуваат од својата полиција“, дециден беше министерот Тошковски.
Тошковски ги истакна и одлуките за исплаќање на финансиски средства за хранарина за подолга работа од три часа во ноќна смена, што во минатото предизвикувало генерирање огромен број тужби против министерството и промена на колективниот договор за финансиска награда за новороденче и кон полициските службеници од машки пол со тоа надминувајќи ја дискриминацијата која била правена порано со награда само на вработените од женски пол.
Во делот на дигитализација на процесите кој е еден од главните фокуси како на министерството така и на Владата, министерот ги истакна проектите како мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“ за постапување на полициските службеници по случаи за родово базирано насилство, новиот софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции и меморандумот за користење на системот „Безбеден град“ со над 220 надзорни камери во Кавадарци.
„Зголемено присуство на полицијата, побезбедни граѓани“ е мотото под кое МВР работи за обезбедување на граѓаните како на Скопје, така и на државата со цел доведување на безбедносната состојба на ниво на кое е задоволителна.
„Граѓаните на државата, а посебно на Скопје се сведоци на унапредување на безбедносната состојба во изминатиот период. Имавме голем број на спроведени акции во овие 100 дена, со голема успешност, констатирани прекршоци. Имавме и голем број приведени лица, лица барани со потерници, лица избегани од затвори или сториле одредено кривично дело. Сето тоа беше верификувано со голем број кривични и соодветни пријави и оваа акција даде многу добри резултати и ќе продолжи и во иднина“, нагласи министерот.
Во борбата со пожарите, Тошковски нагласи дека и покрај уништениот систем од претходно, сепак хеликоптерската единица на МВР е главниот столб во делот на справувањето со пожарите кои беснееја ова лето.
„Хеликоптерите на МВР имаат над 350 летечки часа во текот на летото со исфрлени над 3.400 тони вода без пожарите. 10 часа беа остварени во реализирани седум потраги и спасувачки акции и имаме два медицински лета 15 летачки часови“, акцентираше Тошковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

