Македонија
Министерството за култура ги отфрли обвинувањата на Беса за етничка дискриминација
Министерството за култура се оградува од обвинувањата на Движењето Беса, за наводна етничка дискриминација со објавувањето на оглас за прием на двајца државни службеници во Министерството, односно за прием на еден помошник – раководител во секторот за издавачка дејност и еден помошник – раководител во секторот за културно наследство. Од таму велат дека таквите тврдења се неточни и неосновани.
„Се работи за оглас кој се подготвува според постапка што е спроведена во согласност со Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавен сектор, односно членот 5 кој ја опишува методологијата за планирање на нови вработувања и член 20а став 2 и 6, како и член 20 б став 6. Пред подготвување на Годишниот план за вработување, во Министерството за информатичко општество и администрација има алатка наречена балансер, во која се внесуваат податоци за бројот на вработените по правична застапеност и самиот балансер врз основа на внесените податоци за нови вработувања го пресметува процентот. Овие податоци потоа се доставуваат и до Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Исто така, во Агенцијата за администрација има посебно упатство како да се достави барање за оглас за вработување, каде што мора да се наведе од која национална припадност се врши вработувањето“ велат од министерство за култура.
Од таму објаснуваат дека законите и постапките биле донесени за време на претходната власт. Министерството за култура ги поддржува заложбите на реформа на легислативата која ќе биде во функција на остварување на уставните принципи на еднаквост на сите граѓани на Република Македонија.
„Според податоците, во овие сектори на Министерството за култура е постигната соодветна правична застапеност на албанската заедница. Воедно, би сакале да посочиме дека што се однесува до застапеноста на Албанците и нивната култура во политиките на оваа Влада, токму новата Влада и раководство на Министерството за култура ја прекинаа долгогодишната пракса на запоставување на културните потреби на оваа а и на другите немнозински заедници. По долги години користење на културата за создавање на поделби и нееднаков третман на различните заедници во културата, во Буџетот на РМ за културата во 2018 година се надминати многу од тие пречки и застои, како на пример со застојот во изградбата на Албанскиот театар во Скопје и Театарот и Библиотеката во Тетово, или за просториите и квалитетна програма на Музејот на албанската азбука во Битола, инвестираме во поправка на покривите и основната инфраструктура во објектите на културата, како и за достоинствени програми на институциите и многу проекти на уметниците и културните работници од немнозинските заедници“ се додава во соопштението од министерството за култура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај
Државната изборна комисија (ДИК) денеска, на 105. седница, едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1.194 и 1.202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино. Гласањето ќе се одржи идната среда, на 22 мај 2024 година.
ДИК на седницата ги разреши и претседателите на избирачките одбори, членовите и нивните заменици во избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, 1272 во Општина Охрид и 2101 во Општина Желино.
Со оглед дека се кратки роковите за избор на нови избирачки одбори, за да биде регуларно прегласувањето, општинските изборни комисии (ОИК) ќе треба да ангажираат некои од веќе постојните избирачки одбори, или од најблиските избирачки места или некои други, и за тоа ќе треба да достават известување до ДИК.
Кампањата за повторното гласање ќе трае до понеделник, 20 мај, 00.00 часот. Притоа, ќе важат истите листи за болни и немоќни лица, ќе нема можност да се пријавуваат нови.
Според ДИК, има можност за измени и предлози за овластени претставници на кандидати. Тоа важи и за членовите на избирачките одбори кои се предложени од политичките партии.
Македонија
Кацарска ја чува обезбедување, денес добила закани дека „страшно ќе одговара“
Непознато лице денеска напладне во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. По инцидентот интервенирало нејзиното обезбедување.
„Полициски службеници од полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите ‘ќе одговараш, страшно ќе одговараш’. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Пред неколку дена во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на Кацарска.
Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Утре затворени неколку улици во Скопје
Утре од 08.30 до 12.30 часот, поради одржување на натпревар „Стопански триоги триатлон”, со стартно-целна позиција кај Спортскиот центар „Борис Трајковски” во дел од градот ќе има изменет режим на сообраќај, соопшти СВР Скопје.
Посебниот режим на сообраќај ќе опфати дел од уличната мрежа околу СЦ „Борис Трајковски” и дел од булеварот Илинден (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со булевар 8 Септември до крстосницата со улицата Никола Парапунов и обратно.
Утре исто така со почеток во 09.45 часот, поради одржување на спортско-рекреативен настан „Прв до врв” ќе има посебен режим на сообраќај во делот од градот каде што ќе се реализира манифестацијата.
Настанот почнува пред Музеј на град Скопје – улица Св.Кирил и Методиј, потоа лево по булеварот Св.Климент Охридски, во продолжение право по булеварот Мајка Тереза, па лево по улицата Тодор Александров и по локалниот пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски крст”).