Македонија
Минчев нема намера да провоцира со балансерот: Се надевам дека колегите од „Влен“ ќе се вразумат и ќе ги прочитаат постојните закони
Новиот балансер не е провокација за коалициоските партнери во Владата, туку, едноставно, почитување на постојните закони. Вака денес министерот за јавна администрација Горан Минчев одговори на забелешките од „Влен“ дека новиот балансер за вработување во јавната администрација, кој се прави исклучиво според попишаното резидентно население, е провокација за Албанците оти се намалува нивниот процент. За министерот, баланесрот е затворена тема и тој веќе се применува.
„Најмалку имам намера да провоцирам еден од нашите коалициски партнери. Исклучиво спроведуваме закони, а еден од принципите на кои е склучена оваа коалиција е и почитување на законите. Јас само спроведувам закони. Во Законот за вработените во јавниот сектор децидно пишува дека алатката балансер се применува исклучиво за граѓаните што живеат на територијата на Република Македонија, а тоа е резидентното население во согласност со податоците од последниот попис. Јас се надевам дека колегите од ‘Влен’ ќе се вразумат, ќе потрошат повеќе внимание на читање на постојните закони и ќе се посветат на спроведување на овие закони, а нема да се занимаваат со дневно-политички теми“, рече министерот Минчев.
Тој нагласи дека основната заложба на оваа Влада е етничкиот предзнак да не биде принцип за вработување, на што допрва ќе работат.
„Мислам дека е дојдено време во администрацијата да се вработуваат луѓе врз база на знаење, на квалитет, со цел да имаме силна ефикасна и добра јавна администрација. Но, тоа е второто начело, првото е да имаме квалитетни закони, токму овие за кои денес разговараме, а за кои исклучително важно е да бидат применливи, да бидат системски закони. Ако го постигнеме ова, тогаш можеме да разговараме за втората фаза за добра и квалитетна администрација врз база на знаење и квалитет“, рече министерот Минчев.
Тој денес извести дека ги повлекол од собраниска процедура предлог-законот за административни службеници, предлог-законот за вработени во јавниот сектор, и предлог-законот за стручно усовршување и обука на административните службеници. Предлог-законите ќе бидат ставени на ЕНЕР, каде што сите заинтересираните ќе може да дадат забелешки и сугестии, а истовремено во следните два месеца ќе се организираат јавни дебати и дискусии за нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осомничениот за убиството за жената од Челопек е поврзан и со други кривични дела
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот.
Од Обвинителството информираат дека се издадени повеќе наредби за обезбедување докази и траги од местото на настанот, кои ќе бидат предмет на дополнителни вештачења со цел целосно расчистување на случајот.
Во врска со настанот, едно лице е лишено од слобода под сомнение дека е сторител на кривичното дело убиство. Постојат индиции дека истото лице во претходниот период можеби било инволвирано и во други кривични дела на подрачјето на кумановско, поради што, по наредба на јавен обвинител, се преземаат интензивни дејствија за утврдување на сите околности и евентуалната поврзаност меѓу настаните.
Од Обвинителството посочуваат дека по целосно испитување на фактите и прибирање на сите релевантни докази ќе биде поведена соодветна постапка против осомниченото лице.
Македонија
Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница.
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
Македонија
Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.

