Македонија
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ победи во 21 општина и 40 совети
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, тврди дека партијата има 50 илјади гласови повеќе од СДСМ за советничките листи. Тој посочи дека залудни биле притисоците на СДСМ за време на изборниот ден и во кампањата. Според него, неговата партија има победа во 40 општини во советите на општините.
„Македонија ги победи криминалот и безидејноста кои ги создава власта на Зоран Заев“, рече тој.
Дел од 21 општинина за кои Мисајловски рече дека ВМРО-ДПМНЕ победила се Аеродром, Сопиште, Бутел, Гази Баба, Зрновци, Виница, Петровец, Штип, Карбинци, Градско, Босилово, Неготино, Кавадарци, Новаци, Јегуновце. Тој посочи дека очекува за кратко да стигне победата и во Ѓорче Петров. Мисајловски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ победи и на советничката листа за Град Скопје, а убедливо води и независната кандидатка Данела Арсовска, поддржана од неговата партија.
Водство без победа во првиот круг кажа дека има во Зелениково, Чешиново-Облешево, Радовиш, Охрид, Битола, Кичево, Брвеница.
Прашан дали очекува поддршка во вториот круг од Беса, ДОМ, ЛДП кои коалицираат со СДСМ кога е во прашање централната власт, тој одговори потврдно.
„Кажав и на пресот, ајде да се обединиме. Во Македонија подолго време има опозициско расположение“, додаде Мисајловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

