Македонија
Емотивни говори и обвинувања на расправата за имунитетот на Вељаноски
Емотивни говори, дофрлувања и обвинувања ja одбележуваат распрвата за имунитетот на Трајко Вељаноски во рамки на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.
Груевски ве пушти низ вода сите, рече пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, по обраќањето на Вељаноски на седницата на која се расправа за имунитетот на поранешниот претседател на Собранието.
„Ние немаме право да цениме обвинителен акт, тоа е право на судот, но ВМРО-ДПМНЕ така владееше десет години“, рече Мисовски.
Тој додаде дека целиот напад на 27 април 2017 година бил органзиран во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, додека раскажуваше за настаните од крвавиот четврток.
Претходно пред комисијата се обрати и Вељаноски, кој побара одговори зошто обвинението против него е покренато една година откако му бил одземен телефонот, а на 33 лица по само три месеци.
„Од кои причини дури сега покренуваат обвинение како да сум терорист. Пред да одлучите за имунитетот да имате претстава зошто се бара. Јас бев 10 години претседател на Собранието, ни на крај памет не ми било да правам дејствија спротивни на законот, посебно за колеги пратеници“, рече Вељаноски.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа со барања Богоевски да го прекине Мисовски бидејќи зборува процедурално.
Пратеникот на НСДП во меѓувреме го потсети Вељаноски не само на 27 април туку и на црниот понеделник кога од Собранието беа исфрлени пратеници и новинари.
Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на седница го разгледува барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски. Според деловникот, кога претседателот на Собранието ќе го достави барањето до комисијата, таа треба да одржи седница на која ќе го разгледа барањето и да го достави извештајот до собранискиот спикер. По добиениот извештај од комисијата, Собранието, најдоцна во рок од три дена, треба да одлучува на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со мнозинство од вкупниот број пратеници. Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски вчера попладне беше приведен на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток
Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше формиран кризен штаб, кој е на 24-часовно располагање на граѓаните. Неговата задача е континуирано да ја следи состојбата и да ги координира и систематизира сите постапки поврзани со македонските државјани кои се наоѓаат во и околу загрозените подрачја, а на кои им е потребна помош или асистенција.
„Истовремено, дипломатско-конзуларните претставништва се во постојана комуникација и целосно на располагање на граѓаните. Согласно информациите од Амбасадите на Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби, како и според јавувањата на СОС телефонот во Министерството во Скопје, тековно се зголемува бројот на наши државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја. Со сите пријавени лица се одржува постојан контакт, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи“, велат од МВР.
За дополнителни информации и помош, на располагање се:
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546
Македонија
Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.
Македонија
Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички
Од денеска стапува во сила законската обврска за засилена автентикација при онлајн-плаќања со платежни картички. Наместо досегашната потврда со СМС-код, корисниците на платежни картички ќе добиваат известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобрат трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице. Без оваа потврда плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.
Целта е да се обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при плаќањата без физичко присуство.
Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежните услуги и платните системи. Таа се воведува постепено во земјата и веќе е во примена при извршување онлајн-увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршување плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство.

