Македонија
Митева: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи ревизија на платите на функционерите

Политиките на власта ги доведоа граѓаните на работ на сиромаштија. Додека имаме инфлација, која го јаде буџетот на граѓаните, слушаме изјави од Тренчевска како министерка за труд и социјална политика дека со 25.000 денари пензионерите може да преживеат, вели портпаролот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на денешната прес-конференција одговарајќи кој е коментарот на партијата во однос на најавите на синдикатите за поднесување предлог-законска иницијатива за намалување на функционерските плати.
Митева посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја разбира фрустрацијата на граѓаните потенцирајќи дека доколку Владата на СДС и ДУИ помалку краде, ќе може да им даде повеќе на граѓаните.
Комплетно ја разбираме фрустрацијата на граѓаните и синдикатите, власта мора да најде начин како помалку да краде, па така ќе има можност и повеќе да им даде на граѓаните, рече таа.
Митева истакна дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го отвори прашањето за ревизија на платите на функционерите.
Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го отвори прашањето за ревизија на платите на функционерите, заклучи Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е сличен како и бројот на жртви лани. Со тоа што можам да кажам дека бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој упати апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, дозволената брзина, бидејќи експертите тврат дека и кога се управува возило, а тоа е над 70 км/час, а има челни удари како вчера, можноста за преживување е нула.
Македонија
На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.
Македонија
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.
Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените.
– По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.