Македонија
Мицевски: СДСМ ја прекина седницата за гласање на заемот за општините од Светска банка
Да му одговорам на заменик координаторот зошто не знам дали се слушате вие кажувате да се откажат 20 пратеници од дискусии. Па ајде ако не заклучете нѐ пак овде па додека не се откажеме не не отклучувајте, му порача координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Муцевски на денешната собраниска седница на заменик координаторот на владејачкото мозинство, Диме Велков.
Мицевски потенцираше дека собранискиот спикер претходно ги заклучил во собранието, а сега заменик координаторот бара од пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од дискусија, укажувајќи дека пратениците од СДСМ ја прекинале седницата за фотоволтаиците лажејќи ги граѓаните дека ќе гласаат за таа точка од дневниот ред.
„ Дали сте свесни вие во која фаза одите? Едниот не заклучува, а другиот и вика на опозицијата да се откаже од дискусии. Тоа може да го кажете на вашите пратеници, тие да не зборуваат, а не опозицијата дали ќе зборува или нема да зборува за ова и другото законско решение.
Пред два часа вашиот координатор зборуваше цитирам: веќе ви кажав ќе го поддржиме тој закон, еве и сега ви кажувам ќе го поддржиме законот за градоначалниците зашто што граѓаните треба да добијат тоа што предвидува законот и задолжувањето, рече координаторот на СДСМ, сега ќе излезете и ќе им кажете на граѓаните дека не го поддржавте, дека ја прекинавте седницата за задолжувањето, за фотоволтаиците, дека тоа што ги лажете дека ќе го добијат, не го добиваат, праша Мицевски.
„ Ајде сега извадете вест дека има ја прекинавте седницата на која што има 30 дискутанти и дека ова ќе го продолжиме некогаш понатаму како што го продолжуваме и сите други седници, имаме десет седници отворено со десет точки, вели Мицевски.
Нема редослед на работата не знаете што правите, порача Мицевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

