Македонија
(Видео) Мицевски: Џафери да си стои на зборот и да закаже седница за распуштање на Парламентот

ВМРО-ДПМНE бара претседателот Талат Џафери денеска да закаже една и единствена точка за распуштање на Собранието, изјави координаторот на пратеничката група на оваа партија, Никола Мицевски.
„Опозицијата поднесе предлог-одлука за распуштање на Собранието уште на 5 февруари. Одлуката беше поднесена со цел да се испочитува договорот за датумот на избори, бидејќи сме сведоци дека СДСМ бара изговори за да избега од избори. Сакаме да го потсетиме претседателот Џафери на неговата изјава дека Собранието треба да се распушти на 12 февруари при што рече дека самиот ќе поднесе одлука за распуштање на парламентот. Џафери да биде дециден и да си стои на зборот и да закаже седница за распуштање на Парламентот, во спротивно јавноста ќе треба да има предвид дека ова парламентарно мнозинство бега од избори и договорот на лидерите во присуство на претседателот Стево Пендаровски“, рече Мицевски.
Доколку денеска не се распушти Собранието, Мицевски вели дека мнозинството испраќа порака оти не стои на договореното и не ги почитува роковите.
„Не ме изненадува ако денес закажат седница со 200 закони, но граѓаните гледаат и ќе им стане јасно како ова парламентарно мнозинство функционира“, додаде тој.
Инаку, и доколку одлуката за распуштање биде ставена на дневен ред, за да биде усвоена треба да гласаат 61 пратеник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.